Компанијата „Tesla“ објави ново видео кое ги демонстрира можностите на нејзиниот систем за целосно автономно возење („Full Self-Driving - FSD“).
Овојпат автомобилот на „Tesla“ се соочил со една од најозлогласените и најкомплексни крстосници во светот, т.н. „волшебен кружен тек“ во Свиндон во Англија.
Доколку постои крал меѓу кружните текови, тогаш тоа е овој.
„Волшебниот кружен тек“ се состои од пет помали кружни текови распоредени околу централниот остров. Неговиот дизајн во теорија овозможува брз проток на сообраќај, но во пракса е исклучително збунувачки, дури и за искусните возачи.
Поради тоа се поставува прашањето – како во таквиот хаос се снаоѓа автономно возило?
Roundabout final boss
— Tesla Europe & Middle East (@teslaeurope) July 25, 2025
FSD Supervised tackling Swindon Magic Roundabout in 🇬🇧 pic.twitter.com/cQBiBJ6JBk
Судејќи по видеото на „Tesla“, „FDS“ системот тестот го поминал без поголеми проблеми. Автомобилот неколку пати поминал низ крстосницата, секојпат бирајќи поразличен пат, но секогаш безбедно и одлично.
Тој успешно ги пропуштил возилата и лесно се вклучил во сообраќајот, делувајќи како совршено да се вклопува во динамичното опкружување.
Сепак, треба да се знае дека американската компанија веројатно не би ги објавила видеата од неуспешните обиди.
Ова видео е дел од пошироката кампања со која „Tesla“ се обидува да ги убеди европските регулатори дека „FSD“ системот е подготвен за употреба во Европа.
Компанијата претходно објави видеа на возење низ други потешки локации, како хаотичен кружен тек околу Триумфалната капија во Париз и тесните римски улички.
Full drive pic.twitter.com/ecBY1DF7CF
— Tesla Europe & Middle East (@teslaeurope) May 16, 2025
Без оглед на тоа регулаторното одобрување сѐ уште се чека и не е познато кога Европејците ќе добијат можност да го пробаат „FSD“ системот.
Моментално во Европа само „Mercedes-Benz“ има дозвола за ограничено автономно возење без раце и тоа исклучиво во германските автопатишта под строго одредени услови.