Доколку барате стабилна и добро платена работа со висок квалитет на живот, размислете да се преселите во Луксембург.
Луксембург, земјата со највисоко БДП по глава на жител во Европа бара работници, нудејќи просечна плата од 6.118 евра месечно и многу ниска стапка на невработеност од само 5,7 отсто.
На порталот „EURES“ моментално се достапни над 2.700 огласи за работа, од кои многу од нив не бараат високо образование.
Преселувањето во државата исто така не е комплицирано, државјаните на земјите на ЕУ не мора да вадат виза, а единствена обврска е пријавувањето на престој по три месеци.
Ова мало, но богато европско кралство кое се граничи со Франција, Белгија и Германија, е едно од најдобрите места за живеење и работа во Европа.
Просечната годишна плата во Луксембург изнесува 73.418 евра, што е околу 6.118 евра месечно. Минималната заработка е 2.570 евра за неквалификувани работници и 3.085 евра за квалификувани.
За квалификувани работници се сметаат луѓето кои исполнуваат барем еден од критериумите напишани од страна на национални законодавци, на пример поседува соодветен сертификат за извршување работа или има најмалку десет години работно искуство во таа област.
Луксембург не привлекува само со високата заработка, таму е тешко да останете без работа. Земјата бележи најниска стапка на невработеност во еврозоната, од само 5,7 отсто. Покрај тоа, значително се повисоки платите, на пример за разлика од Полска и работната недела е во корист на вработените: додека во Полска тоа се 38,9 часа неделно, во Луксембург тоа се 35,5 часа, што значи повеќе слободно време.
Сепак, треба да се земе предвид дека животот во Луксембург е значително поскап од поголем дел од останатите земји, според меѓународниот индекс на трошоци за живот.
На пример, стан од 85 метри квадрати во центарот на градот ќе го плаќате и повеќе од 2.500 евра месечно. Храната и превозот исто така се скапи, но во помала мера од киријата. Од друга страна, здравствената заштита и лековите често се попристапни благодарение на ефикасниот јавен систем.
На порталот „EURES“ моментално има над 2.700 огласи за работа во Луксембург, кои покриваат различни профили. Се бараат квалификувани работници и оние без стручна подготвеност.
Во некои огласи не се бара ниту диплома од факултет ниту познавање на француски јазик.
Меѓу професиите кои се бараат се следните: механичари, електричари, вулканизери, водоинсталатери и ѕидари. Се бараат и професионалци како градежни техничари, инженери за податоци, техничари за одржување станици и пејзажни архитекти.