Дали овој човек станува најмоќен на светот? За еден ден заработил 101 милијарда долари

Супермен

02/10/2025

13:00

1.901

Големина на фонт

а а а

Пред само една година коосновачот и претставник на компанијата „Oracle“, Лари Елисон – човекот којшто на кратко ја понесе титулата најбогат на свет, говорел за иднината во која секојдневниот живот ќе биде под постојан надзор на камери и вештачката интелигенција.

Неговите зборови денеска звучат уште позначајни затоа што „Oracle“ стана клучен играч во AI индустријата и потенцијален купувач на делот на ТикТок.

На состанокот со аналитичарите минатиот септември, Елисон изјавил дека „секој полицаец ќе биде следен во секој момент, а AI ќе ја пријавува секоја неправилност“.

„Oracle“ во меѓувреме потпишал историски договор вреден 300 милијарди долари со „Open AI“ со кој ќе обезбеди огромен капацитет за развој на вештачката интелигенција.


Исто така компанијата преговара и со преземање на американското работење на ТикТок, додека претседателот Доналд Трамп потпишал договор со којшто кинески „ByteDance“ практично се наметнува во продажбата на апликации.

Според планот, „Oracle“ и Елисон ќе имаат клучна улога во надзорот на ТикТок алгоритмите и заштитата на податоци на американските корисници.

Трамп најавил дека во управниот одбор на компанијата ќе седи и Руперт Мардок, Мајкл Дел и уште неколку глобални инвеститори, додека пак „ByteDance“ ќе задржи помалку од 20 отсто од сопственоста.

Елисон во прв план на AI стратегијата на Трамп

По инаугурацијата на Доналд Трамп, Елисон неочекувано се нашол во самиот центар на американските АI планови.

Заедно со Сем Алтман и Масајоши Сон, ја основал компанијата „Starage“ со цел вложување и до 500 милијарди долари во развојот на американските АI инфраструктури.

Иако неговиот зенит бил во текот на 90-тите, Елисон денес се враќа на голема врата, не само во технолошка туку и во медиумска смисла.


Кој е Лари Елисон?

Елисон е роден во Чикаго, во скромно семејство. Пораснал без мајка која ја запознал како возрасен човек и бил одгледуван од страна на вујко му.

Ги прекинал студиите, а подоцна се преселил во Калифорнија каде ја започнал кариерата на програмер.

Во 1977 година ја основал „Oracle“, компанијата која благодарение на агресивните аквизиции и иновации станала најголем светски играч во областа на базата податоци.

Елисон е познат и по своето ривалство со Бил Гејтс, но и приjaтелството со Стив Џобс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk