[ВИДЕО] Јутјубер 7 дена не јадел ништо, пиел само вода, ова се резултатите: „Главата ми е тешка, се чувствував уморно, а потоа се случи неочекуваното...“

Супермен

14/10/2025

10:38

1.124

Големина на фонт

а а а

Во светот се популарни диетите и предизвиците кои ветуваат повеќе енергија и подобар фокус, треба да знаете дека не се сите режими на исхрана насочени исклучиво кон губењето килограми.

Некои методи, како повеќедневниот пост, можат да понудат одредени здравствени придобивки, секако исклучиво со претходен договор со доктор.

Еден таков експеримент спровел јутјуберот Џастин Дорф којшто одлучил седум дена да помине без храна, со консумирање само вода.

Неговото искуство го документирал во видео од 11 минути кое за кратко време привлекло внимание на интернет.

Зошто се одлучил на овој екстремен пост

Џастин во воведот објаснил што го навело на овој чекор: Последните два месеци се чувствувам уморно. Имам здодевни повреди. Константно сум под благ стрес. Сакам брза храна. Се чувствувам некако тажно и не сум баш свој. Во суштина сѐ ме боли и имам впечаток дека полека пропаѓам“.

Барајќи начин да излезе од таа состојба, решил да го спроведе она што го нарекол „големо ресетирање“, експеримент во текот на којшто ќе го врати својот физички и емотивен одговор на целосен пост.

Почеток без поголеми проблеми

На стартот од предизвикот имал 76,2 килограми, а веќе по седум дена вагата покажала дека изгубил повеќе од 4.5 килограми. Првите 20 часа од постот поминале изненадувачки лесно: „Расположението ми беше добро. Немав посебни желби за храна, не чувствував голема глад, имав доволно енергија. Сѐ уште ништо драматично не се случи“.


Влегување во кетоза и првите тегоби

Како што одминувале часовите, неговото тело почнало да преминува во состојба на кетоза, метаболички процес во којшто организмот наместо гликоза користи масти за енергија. Веќе вториот ден ги искусил првите посериозни симптоми.

„Се чувствував, уморно, главата ми беше тешка и матна, чувствував мачнини. Класичните знаци дека кетозата почнува да функционира“, раскажал Џастин.

Најтешките денови од постот

Третиот и четвртиот ден се покажале како најтешки за физичкото и менталното здравје.

„Се разбудив со чувство на празнина, како некој да извадил сѐ од мене, како да се сушам. Рацете и нозете ми беа ладни и бледи“.

За да ја надмине кризата, Џастин зел суплементи и солена вода, обидувајќи се да ја стабилизира состојбата. Поголем дел од денот поминал седејќи покрај прозорецот и борејќи се со физичката слабост.


Пресврт – од зомби до состојба на божество

Иако изгледал како неговото тело да се откажува, Џастин тврди дека сѐ тргнало на подобро петтиот ден.

„Тој ден првпат се грижев за тоа како се чувствувам отколку за тоа како изгледам. Не се грчев повеќе и не се борев против гладот и желбата за храна. Имав неверојатно многу енергија и без проблем ги правев тренинзите“, раскажал Џастин.

Резултати на крајот од предизвикот

На крајот од седмиот ден, Џастин изгубил скоро пет килограми, а обемот на неговиот струк бил намален за четири сантиметри. Но, како што нагласува, физичките промени не му биле најважни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk