[ФОТО/ВИДЕО] Братот на Никола Јокиќ „застрашува“ со неговата појава: Висок е 208 см, а има 180 килограми

Супермен

14/10/2025

20:00

1.391

Големина на фонт

а а а

Страхиња Јокиќ, братот на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, пред неколку дена дозна дека е осуден на една година условна казна за напад врз навивач за време на плејоф натпреварот на Денвер Нагетс во Бол Арена во 2024 година.

Снимките од неговото пристигнување на изрекувањето на пресудата брзо станаа вирални поради импозантниот изглед на постариот брат на еден од најдобрите кошаркари во светот.

Инцидентот поради кој морал да оди на суд е снимен, а на таа снимка се гледа како Страхиња удира навивач и истата ги преплави социјалните мрежи. На снимката се појавуваат и неколку жени кои се обидуваат да ја смират ситуацијата, вклучувајќи ја и сопругата на Никола, Наталија.

Во центарот на вниманието

Според тогашниот извештај, жртвата претрпела „очигледни исеченици и модринки“ во близина на левото око. Повредениот маж им кажал на полицајците дека станува збор за неиспровоциран напад и дека подоцна му бил дијагностициран потрес на мозокот. Иако првично не поднел тужба поради страв од одмазда, подоцна се предомислил. Страхиња се бранел тврдејќи дека штител постар човек кого го познава.

За американската публика, браќата Јокиќ, а покрај Никола и Страхиња, тука е и Немања, се многу интересни поради нивниот изглед.


И двајцата се обиделе во кошарката пред да го поддржат Никола, на почетокот од неговата кариера. И двајцата се високи и силни, а често се во центарот на вниманието поради нивното однесување.

Импресивна моќ

На публиката и бил особено интересен нивниот конфликт со НБА близнаците, Маркус и Маркиф Морис, а дури се зборуваше и за боксерски натпревар меѓу нив четворицата. Браќата на Никола го привлекле вниманието дури и пред конфликтот со браќата Морис, кога тој се судрил со кошаркарите на Феникс Санс на теренот.


Тогаш, Страхиња и Немања дивееле на трибините и биле подготвени да влезат на теренот.

Инаку Страхиња (43) е најстариот брат на Никола, а Немања е три години помлад и дури тренирал ММА. И двајцата се високи околу два метра, а според некои извештаи, Страхиња е висок 208 см а има околу 180 килограми.

Неговата сила е таква што лесно може да го крене Никола тежок 130 килограми, трикратниот најкорисен играч (MVP) на НБА лигата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk