Вештачката интелигенција им овозможува на вработените да бидат подобри во извршување на своите обврски, но некои пронашле начин како оваа технологија да ја искористат за измама на своите работодавци.
Со вештачката интелигенција започна период во којшто повеќе не можеме да знаеме што е вистина, а што лага така што денес повеќе не можеме да им веруваме на своите очи и уши во дел од случаите.
Лажните видеа е речиси невозможно да ги разликувате од реалните, а измамата со алатките за клонирање на гласот е толку реална што родителите повеќе не можат да ги разликуваат вештачки создадените гласови од гласот на своето дете.

АИ алатките ја олеснија работата на бројни измамници и криминалци, а како што пренесуваат технолошките медиуми, во пораст е уште еден вид измама – онаа со лажните сметки.
Сѐ повеќе компании имаат проблем со лажните сметки (често со зголемени износи) кои вработените ги создаваат по пат на АИ алатките, а кои тешко може да ги препознаете.
Според податоците на платформата за следење трошоци „AppZen“, трошоците генерирани со вештачката интелигенција сега ги сочинуваат 14 отсто од лажните документи поднесени во мај годинава. Интересно, во текот на истиот период една година претходно, таа бројка изнесувала нула отсто.
На истиот растечки проблем предупредува и компанијата „Ramp“ која во текот на последните три месеци пријавила лажни фактури во вредност од над милион долари.
Додека претходно вработените требало да се потрудат околу создавање такви лажни сметки, па морале да бидат умешни во користењето Фотошоп или слични алатки, АИ таквиот облик на измама и лажните сметки не само што го поедноставила туку целосно го забрзала.
Па така, доволни се само неколку реченици текст и совршената лажна смета е готова.
„Таквите сметки станаа толку добри што им велиме на нашите клиенти: Не верувајте им на своите очи“, коментирал Крис Џуне, потпретседател и лидер во одделот за маркетинг производство во „SAP Concur“.

Иако измамите со лажните сметки и документи постоеле и претходно, вештачката интелигенција ја отворила вратата на новиот бран измами кои тешко, понекогаш и невозможно е да се откријат, што создава бројни проблеми кај работодавците во разни индустрии.
Компаниите секако би можеле да се борат против таквиот облик на измама, со користење на посебни софтвери, но освен што тоа не е гаранција дека секогаш би се откриле измамите, станува збор за нови трошоци за компанијата.
Извор: „Tech Radar“.