Неговата мајка објави автобиографија, а тој ѝ честиташе на Инстаграм. И наместо да објави некоја понова фотографија, славниот пејач, од сентиментални причини, се одлучил за фотографија од детството. Токму таа фотографија разнежи многу од неговите обожаватели, а кај другите – кои не го следат толку редовно – се појави прашањето: кое е симпатичното дете од фотографијата?
Кога порасна, стана еден од најпосакуваните мажи на планетата, кој потоа успеа да ја освои и најпосакуваната жена на светот! Иако се заедно од 2001 година и имаат стабилна врска, проширувањето на семејството го оставија за 2017 година, кога ги добија близнаците Луси и Никола. Третото дете, истовремено и втора ќерка, ја добија во 2020 година и ѝ го дадоа името Марија. А пред неколку месеци, се прошири веста дека го очекуваат и четвртото дете.
И сигурно ви е јасно веќе – момчето од старата фотографија е Енрике Иглесијас.
На фотографијата позира со својата мајка по име Изабел, Филипинка со шпанско потекло. Позната е како дама од високо друштво и телевизиска водителка, како и членка на богатото и аристократско семејство Перес де Тагле.
Својата кариера ја започнала во 1970 година, работејќи за матичната компанија „HOLA“, а првата личност што ја интервјуирала бил некој што подоцна ќе стане нејзин сопруг – Хулио Иглесијас.
По разводот со Хулио, Изабел во 1980 година се омажи за Карлос Фалко Фернандез де Кордоба, петтиот маркез од Грињон – член на шпанското благородништво и угледен бизнисмен. Беа во брак до 1985 година и ја добија ќерката Тамара Фалко.
Подоцна, во 1987 година, се омажи за поранешниот шпански министер за финансии Мигел Боер, со кого во 1989 година ја доби ќерката Ана Боер Прејслер. Парот остана заедно сè до неговата смрт во 2014 година.
Откако остана вдовица, Изабел беше во седумгодишна врска – до 2022 година – со познатиот романсиер и добитник на Нобелова награда, Перуанецот Марио Варгас Љоса, кој почина во април 2025 година.
Кога станува збор за љубовниот живот на нејзиниот син, Ана Курникова и Енрике Иглесијас се заедно речиси четврт век, иако никогаш официјално не стапиле во брак – догодина би славеле „сребрена свадба“.
Поранешната тенисерка, која моментално е бремена и го очекува своето четврто дете, неодамна на Инстаграм објави фотографија со нејзините три деца како се подготвуваат за прославата на Ноќта на вештерките.
„Ана и Енрике се пресреќни што повторно ќе станат родители. Покажаа дека се одлични во таа улога и двајцата уживаат. Ги обожаваат сите активности и сè што доаѓа со родителството“, изјавил извор за магазинот „People“.
Истиот извор додал дека латино-пејачот последниве години го намалил бројот на турнеи за да поминува повеќе време со семејството.
„Ги обожава своите обожаватели и сака да настапува, но како што старее и откако стана татко, сè потешко му паѓа разделбата со семејството. Никогаш нема да ги занемари фановите, но улогата на татко сега му е исклучително важна“, рекол изворот.
Енрике еднаш откри дека неговите деца се, всушност, неговите најголеми фанови:
„Кога ќе ги земам од училиште и имаат лош ден – некој плаче, или се расправаат – велиме: ‘Еј, деца, која ви е омилена песна?’ И тогаш едното почнува да ја пее ‘I Like It’, па се приклучуваат и другите – и тоа е толку слатко", открил пејачот.