[ФОТО] Врелата Бразилка во топлес издание: Славната манекенка мами воздишки со совршениот изглед

Супермен

18/11/2025

15:39

771

Големина на фонт

а а а

Славната Алесандра Амбросио, која со години беше ангел на Викторија Сикрет и понатаму маѓепсува со својот совршен изглед, а нејзините најнови провокативни, разголени фотографии повторно го потврдија тоа.

Поранешната манекенка и долгогодишен ангел на Викторија Сикрет и понатаму воодушевува со своето извајано тело, па нејзините нови фотографии се вистинско уживање и празник за очи за нејзините обожаватели.

Славната Бразилка, која се повлече од светот на манекенството пред да наполни 40 години, објави неколку црно-бели фотографии на кои позира крај базен, речиси гола, бидејќи го соблекла горниот дел од костимот за капење и со рацете ги покрила голите гради. Амбросио го истакна виткото, затегнато тело и совршената линија, па и на 45 години успеа – по којзнае кој пат – повторно да воодушеви.


На една од фотографиите се пофали и со совршениот задник, а додека позирала како на модната писта по која професионално чекореше 25 години и на која блескаше, носела интересни црно-бели високи потпетици кои веднаш го привлекоа вниманието на жените.

Да потсетиме, славниот бразилски супермодел има две деца и моментално е во врска со Бак Палмер, кој исто така е поранешен модел, па затоа често ги нарекуваат совршен пар. Денес Палмер е дизајнер на накит.

Врската ја потврдија кон крајот на 2024 година, иако и пред тоа неколкупати беа забележани заедно во јавност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk