Оваа земја нуди „златна виза“ и нула данок за сопствениците на недвижнини: Објавени најпопуларните дестинации за куќа на море

Супермен

22/12/2025

18:47

1.037

Големина на фонт

а а а

Во текот на 2025 година забележано е зголемување на побарувачката за недвижнини во одредени медитерански земји. Кои земји се најпопуларни за купување вакви недвижности прочитајте во продолжение.

Според истражувањето на компанијата „Property Finder“, најдобрата земја за купување имот покрај море е Шпанија.

Покрај Шпанија, популарни се и Франција, Португалија, Обединетите Арапски Емирати...

Зошто Шпанија?

На самиот врв се најде Шпанија, која доби оцена 79,3 од максимални 100 поени. Рангирана е според културната содржина, квалитетот на живот и пристапноста. Шпанија е богата со уметност и архитектура, а на нејзина територија има околу 50 места на светското наследство на УНЕСКО.


Просечната цена на двособен стан во Шпанија е околу 208.000 евра.

Начин на живот и живописни погледи во Франција

Куќите на брегот нудат уникатен крајбрежен животен стил, будење со морски ветер, панорамски поглед кон океанот и директен пристап до плажата. За многумина, тоа е повеќе од недвижен имот, тоа е надградба на животниот стил што комбинира релаксација и престиж.

На второ место е Франција со резултат 69,4 од 100. Како и Шпанија, Франција исто така е земја со висок квалитет на живот, богата со природни и културни ресурси.

Франција е една од најпосетуваните земји во светот и има 54 места под заштита на УНЕСКО.

Сепак, Франција е една од помалку достапните земји на листата на купувачи на недвижнини бидејќи цените се високи, па затоа купувачите се претежно „избрани“ - оние со подлабок џеб и повисоки приходи.

Португалија популарна за нови станари

Популарна дестинација за страсни голфери, Португалија е на третото место со резултат 65,8 од 100. Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, опуштен начин на живот и конкурентни цени на недвижнини, не е изненадување што многумина избираат да купат втор дом во оваа земја.

Добрата стратешка позиција, богатата култура и долгата историја ја прават Португалија една од најатрактивните дестинации за купувачи на куќи за одмор во странство. Просечната цена на двособен стан во Португалија е околу 212.000 евра, а според статистиката на пазарот на недвижнини, јужниот брег на Португалија е сè уште на врвот на листата на желби на многу странски купувачи.


Емирати и Америка

Обединетите Арапски Емирати се рангираат на четвртото место со резултат 65,4 од 100, што ја одразува комбинацијата од прифатливост, стабилност, квалитет на живот и удобност што ја нуди земјата.

Со осум меѓународни аеродроми и шест национални авиокомпании што поврзуваат повеќе од 600 глобални дестинации, Обединетите Арапски Емирати е многу популарна дестинација.

Во Обединетите Арапски Емирати постои програма „златна виза“, како и нула данок за сопственици на имоти што доаѓаат од други земји.

На петтото место се Соединетите Американски Држави со резултат 64,4 од 100. Односот на цените на недвижнините со приходите на купувачите ја прават оваа земја многу барана. Ако одлучите да купите имот надвор од големите градови, цените се многу поразумни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk