Музичката ѕвезда Ријана со полна пареа се подготвува за претстојниот Ден на вљубените, што го покажала со нови, провокативни фотографии.
Пејачката, позната по хитовите „Diamonds“, „Umbrella“ и други, позирала за новата колекција на нејзиниот бренд за долна облека „Savage x Fenty“.
Ријана на неколку фотографии заводливо позирала во градник со дезен од рози и наметка, потпрена на столбови во грчки стил.
Особено воодушевила позирајќи во црвен комплет од тантела, со кој ги истакнала бујното деколте и задникот. „Афродита беше дива“, кратко напишала во описот, а во коментарите обожавателите ѝ упатиле бројни комплименти.

Ријана ги споделила новите фотографии само три месеци откако го родила третото дете, ќерката Роки. Пејачката со славниот рапер АСАП Роки ги има и синовите РЗА и Рајот.
Дека го очекуваат третото дете, музичарката открила во мај минатата година, кога се појавила на Мет Гала во тесна креација. На црвениот килим го покажала својот труднички стомак, а нешто подоцна изјавила дека би сакала да добие девојче. „Сакам девојче. Не би знаела што да правам бидејќи засега знам само со момчиња. Тоа би била нова авантура“, изјавила таа за странските медиуми.

Таа додала и дека тоа што е мајка на момчиња ѝ е „најдобро“. „Живеам за тоа. Никогаш не е здодевно. Обожавам кога се качуваат по лустерите. Обожавам кога буквално се толку луди што сум принудена да се забавувам. Трчам наоколу, ги кревам, забавно е“, раскажала Ријана.
Инаку, пејачката по музичка кариера долга две децении се посветила на претприемништвото. Пред 10 години го лансирала својот прв бренд, „Fenty Cosmetics“, а во 2018 година го лансирала нејзиниот бренд за долна облека – „Savage x Fenty“.