[ФОТО] Куќата на Илон Маск изгледа како скромна викендичка: Погледнете каде живее најбогатиот човек на светот

Супермен

06/10/2026

18:41

797

Големина на фонт

а а а

Според магазинот „Forbes“, Илон Маск е најбогатиот човек на светот, со неверојатно богатство проценето на 839 милијарди долари.

И покрај тоа, неговиот дом во Тексас е далеку од раскошните вили кои би се очекувале од богаташ од таков ранг.

„Главната резиденција“ на Маск во Тексас е скромна куќа со три спални соби што ја изнајмува, а вреди околу 45.000 долари, пренесува „Yahoo.com“.

Уште во 2022 година, тој напиша на социјалната мрежа X дека неговата „главна куќа вреди околу 50.000 долари во областа Бока Чика, која ја изнајмува од компанијата ‘SpaceX’“.

„Сепак, прилично е одлична“, додал тој.


Куќата во Тексас е едноставен, приземен објект со бела боја. Маск ја користи како место за одмор по долгите работни денови во блискиот комплекс на „SpaceX“, наречен „Starbase“.

За време на гостувањето во поткастот „Full Send“, тој открил дека самиот направил одредени измени во куќата.

„Технички, тоа е куќа со три спални соби. Претходно имаше две, но гаражата ја претворив во трета спална соба“, рекол Маск.

Во дворот се наоѓа и дополнителен објект, таканаречена „casita“, чија вредност изнесувала околу 50.000 долари.

Оваа футуристички дизајнирана мини-куќа има околу 35 квадратни метри и содржи кујна, дневна соба и спална соба. Во неа се наоѓаат „queen size“ кревет, современи апарати за домаќинство и кровни прозорци.


Објектот е производ на компанијата „Boxabl“, а проектиран е да биде отпорен на мувла, силен ветер, пожар, вода и инсекти. Големите врати, кои се протегаат од подот до таванот, овозможуваат просторот да биде целосно отворен или затворен.

Илон Маск објаснил и како ја користи оваа мала куќа.

„Тоа е куќа за гости. Ако дојде пријател и остане кај мене, може да спие во „Boxabl“ ако сака“, рекол тој.

На листата на најбогатите луѓе во светот, зад Маск се наоѓаат коосновачите на компанијата „Google“, Лари Пејџ (околу 257 милијарди долари) и Сергеј Брин (237 милијарди долари).


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk