Поради фотографиите на кои покажала премногу, изгубила над 218.000 следбеници

Супермен

20/01/2020

17:32

4.445

Големина на фонт

а а а

Бришењето на Инстаграм профилот бил тежок удар за тетовираната манекенка Амбер Лук од Квинсленд, на кој потрошила шест години градејќи го, а на истиот ја следеле повеќе од 218.000 следбеници.

Таа го користела овој Инстаграм профил како средство за да дојде до брендови и клиенти за градење на идна кариера. За среќа, 24-годишната Амбер имала резервен профил, на кој во овој момент има околу 42.000 следбеници, што значи дека не мора да почне баш од почеток. 

Овој пат Амбер ќе му пристапи на Инстаграм профилот малку поинаку – иако ќе продолжи да споделува видеа и фотографии од уметностите на своето тело, што подразбира таа да позира речиси гола, сега ќе внимава да не открива премногу.

“Се чувствувам апсолутно поразувачки кога ќе видам дека моите шест години работа и тетовирања се уништени. Се чувствувам како да ми е одземен дел од животот, деловните можности и правото да имам позитивно влијание на толкав број луѓе”, изјавила Лук за “Daily Star”.

Амбер додала и дека е одлучна да се врати на претходната големина на своето некогашно Инстаграм царство:

“Ќе ми биде потребно време за да го обновам она што го имав, но се надевам дека ќе ја добијам истата љубов и поддршка која ја имав и претходно”.

Амбер, која ја нарекуваат и “Синоокиот бел змеј”, потрошила повеќе од 25.000 долари на тетоважи и промени кои ѝ го прекриваат речиси секој центиметар од телото. Таа на своето тело има над 200 тетоважи, а покрај тоа го поделила јазикот и била слепа неколку недели откако ги истетовирала очите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk