Метју Меконахи ги руши сите свои рекорди со биографијата „Greenlights“ која што ја напишал во пустина каде што престојувал 52 дена.
Холивудската ѕвезда и миленикот на жените, Метју Меконахи, се одлучил на овој храбар потег - повлекување во целосна самотија и одвојување од семејството, па заминал во пустина каде што ја напишал една од најпродаваните книги во последните десет години.
Меѓу другото, Метју го опишал и своето искуство за размена на студенти во склоп на кое како 18-годишно момче заминал во далечната Австралија, а тој период го нарекол „живот од пеколот“.
51-годишниот Метју проговорел и за деновите во кои што досега не зборувал често, па признал дека тоа за него било многу мачно. Семејството во кое што престојувал се покажало целосно спротивно од неговите очекувања и признал дека токму тогаш поминувал низ вистинска криза.
Имено, преселувајќи се во Австралија тој очекувал дека ќе живее како во рајот, замислувал живот во близина на Сиднеј, во земјата на сонцето, плажите, сурфањето и татковината на супермоделот Ел Макферсон.
Но, неговите желби не се поклопиле со реалноста. Имено, во родниот Тексас тој бил прогласен за најзгоден ученик во училиштето, излегувал со најубавите девојки во градот, возел спортски автомобили, но со заминувањето во Австралија сето тоа се сменило.
Тој тврди дека таму никој не се дружел со него, девојките не го „доживувале“, сите носеле униформа во училиштата, а добил прекар „мачка“ кој што не му се допаѓал.
Неговото заменско семејство во Сиднеј живеело дури 106 километри северно, па морал да го почитува „полицискиот час“, наметнато му било неговите мислења да ги чува во себе и работел шест работи.
Набрзо станал вегетаријанец, тежел само 58 килограми и вели дека сам себеси си пишувал писма, размислувал да стане монах и да го ослободи Нелсон Мендела.
„Бев во када секоја вечер пред заоѓањето на сонцето, си зборував сам себеси дека станува збор само за големи културолошки разлики“, открил актерот и додал дека не можел да се врати дома затоа што ветил дека ќе го одржи својот збор и дека ќе го издржи сето тоа.
Тој заклучил дека сето тоа е доказ за неговата животна лекција и дека мора да биде исфрлен од рамнотежата за повторно да го пронајде вистинскиот пат.
Метју својата книга ја напишал за 52 дена, и тоа во пустина во Тексас, а книгата моментално е најпродавана на што тој не се надевал.
Во неа тој исто така проговорел и за злоставувањето кое што го доживеал на 18 години, а детално го опишал и сопственото апсење поради нарушување на мирот во некоја куќа за време на забава во 1999 година.