Татко му го напуштил кога имал 2 години, живеел во приколка со сопругата и 3-те деца: Некогаш немал ни за храна, а денес „тежи“ 500 милиони долари

Супермен

21/09/2021

10:14

14.929

Големина на фонт

а а а

Стивен Кинг е еден од најпознатите и најбогати писатели на сите времиња чии бројни дела се екранизирани, а неговиот живот воопшто не бил лесен.

„It“, „The Shining“, „Cujo“, „Pet Semetary“, „Carrie“, „Misery“, „Bag of Bones“... се само дел од култните наслови од вкупно 63 новели и околу 200 кратки приказни колку што објавил под своето име.

Под псевдонимот Ричард Бахман објавил 7 книги, а како што стојат работите, можеме да очекуваме уште четива од кои ќе нѝ се крева косата на главата. Бидејќи титулата „крал на хоророт“ не ја добил туку-така.

Славниот писател вчера го прослави својот 74-ти роденден, а многумина не знаат дека иако денес е еден од најбогатите писатели, не било отсекогаш така.

Всушност, Кинг во еден момент кренал раце од пишувањето и бил подготвен да се занимава со било што само за да го прехрани семејството.

Неговиот татко го напуштил семејството кога Стивен имал само 2 години. Неговата мајка останала сама и без пари да се грижи за двајцата синови. На само 4-годишна возраст наводно бил сведок како еден негов другар е удрен и убиен од воз, а на 12 години започнал да издава весник со својот брат, кој го продавале за 5 центи. Во него ги објавувал првите приказни и вести.


За да може да се школува, Кинг започнал да заработува работејќи во фабрика. Постојано пишувал, но среќата никако не му се насмевнувала бидејќи ниту еден издавач не сакал да ги објави неговите приказни. Иако завршил факултет, тој не можел да пронајде работа, па започнал да работи во перална за облека.

Поради сите тие несреќни околности, живеел во приколка со сопругата и 3-те деца, а често семејството немало пари ни да се прехрани. Кренал раце од пишувањето и го фрлил ракописот во канта за ѓубре. Меѓутоа, неговата сопруга го пронашла и го разубедила да го доврши романот. Овојпат, еден издавач се согласил да ја објави неговата книга наречена „Carrie“ која подоцна станала најпродавана.


Останатото е историја - неговите книги станале бестселери и имале милионски тиражи. Повеќето и се екранизирани поради што стана еден од најбогатите хорор писатели на сите времиња.

Денес неговото богатство се проценува на околу 500 милиони долари, а Стивен Кинг со причина е наречен „кралот на хоророт“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk