Хотел каде ноќевање чини 5.000 евра, а пијалак 150 евра: „Ѕирнете“ во скапоценоста на езерото Комо и холивудскиот начин на живот

Супермен

27/09/2021

22:36

7.896

Големина на фонт

а а а

Чиста елеганција за оние со префинет вкус и „подлабок џеб“. Добредојдовте во престижниот италијански хотел „Grand Hotel Tremezzo“.

Од своето градење во 1910 година претставува вистинска скапоценост на езерото Комо и препознатлив симбол на градот Тремецо во кој се наоѓа.

Поради речиси нереалниот ентериер кој потсетува на оној од холивудските филмови, оправдано го нарекуваат хотелот на Џејм Бонд, а многу од ѕвездите од големото платно и познати личности престојувале токму во него.


Една од нив била и популарната актерка Грета Гарбо која за местото зборувала дека е преубаво и топло.

Хотелот е сместен на површина од 20.000 метри квадратни, поседува базен, приватна плажа и други нешта, а уреден е како спој на Belle Époque и современиот стил.

Лобито во кое доминираат црвените тонови води до раскошните тераси од кои има прекрасен панорамски поглед кон езерото Комо.


Дека станува збор за елеганција зборува и фактот што низ целиот хотел се провлекуваат нијанси на портокалова боја која ќе ја воочите на хотелските пешкири, столови, украсен мермер, чаши.

Професионалната услуга, апсолутен комфор, бајковита убавина, префинети специјалитети и врвен луксуз се епитетите кои овој хотел ги има.

Поради тоа не е ниту чудно што цената за ноќевање во овој хотел се движи до 5.000 евра, а шише најобичен шампањ и вода чини 150 евра.






Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk