Во текот на енергетската криза во светот и големиот скок на цените на нафтените деривати, граѓаните на Обединетите Арапски Емирати имаат привилегија да не се грижат за цените на горивата.
Тие во Дубаи изнесува околу 40 денари за литар.
На една бензинска пумпа во Дубаи, на најатрактивниот автопат Шеик Заједа, во разговор со екипа од Танјуг, возачите признаваат дека не ги ни следат цените на горивата, туку само ги дополнуваат своите резервоари.
Жителите на Дубаи имаат висок животен стандард, така што не е ниту чудно што тие не се заинтересирани за, како што велат, малите осцилации во цените, пренесува „Блиц“.
Во Дубаи автомобилите главно се на бензин, кој се продава во две варијанти: специјал (95 октани) и супер (98 октани) кои изнесуваат околу 2,8 дирхами додека пак цената на дизелот по литар е речиси 3 дирхами.
Еден жител на Дубаи вели дека кога ќе застане на бензинска пумпа не ја ни гледа цената, туку само го полни резервоарот до крај.
„Стандардната цена за полн резервоар е 19,2 евра, што ми одговара, така што не ги проверувам цените“, изјавил човекот и додал дека цените во последниот период се малку повисоки.
Друг возач исто така изјавил дека промените се мали и дека за него тоа не претставува никаква разлика, но дека го забележува зголемувањето на цените.
„Горивото е евтино и можам да си го дозволам секој ден“, додал тој.
Соговорник чиј автомобил е на бензин, изјавил дека секој ден го вози и дека не знаел точно колку е цената на горивото.
Дубаи стана најмодерен град, со глобални трговски центри иако на својата територија има десеткратно помало производство на нафта од соседен Абу Даби, додека останатите пет емирати речиси и да немаат нафта.
Обединетите Арапски емирати во просек произведуваат три милиони барели нафта и деривати дневно и имаат резерви на нафта од 100 милијарди барели.
Така приближно 30 отсто од БДП-то на земјата директно е основано на производството на нафта и гас кое достигнува речси 13 отсто вредност од неговиот целокупен извоз.
Резервите на нафта во Емиратите според некои процени се шести по големина во светот, а по резервите на природен гас Обединетите Арапски Емирати се на прво место.
Просечната плата во Дубаи, според податоците, надминала 2.500 евра, а неговите жители велат дека сè зависи од професиите и дека сега можеби платата е повисока поради тоа што таму работат и голем број на странци кои се добро платени.
Поради тоа во Дубаи се возат модерни автомобили и ретко кој користи јавен градски превоз, главно работниците од Индија, Филипините и другите азиски земји.
Такси возилата исто така се поволен превоз, со стартна цена од 1,2 евра.
Цените на метроата се уште поповолни, а со метро-картата која чини на пример 50 дирхами, може да се возите 10 пати.