(Фото) Помошничка тренер на мета на критики поради тесните кожни хеланки на натпревар - таа брутално им возврати

Супермен

17/02/2022

23:59

20.116

Големина на фонт

а а а

Помошничката тренер на кошаркарскиот тим Texas A&M, Сидни Картер се нашла на удар на критки, бидејќи на натпреварот носела тесни розови кожни хеланки и високи потпетици.

Тие критики воопшто не ја допираат Картер.

„Не се извинувам, веќе не ми е грижа дали некој ќе мисли дека сум претерала“, им возвратила на критичарите.

„Нема да ја изгаснам мојата светлина, само затоа што некој се навредил или е исплашен од фактот дека во целост се прифаќам себеси“, додала 31-годишната Картер.

Убедена е дека расизмот е главната причина за критиките што ги добила.

„Мислам дек на луѓето им е непријатно кога Афроамериканка е на позиција на моќ. Да гледаш Афроамериканка која е самоуверена и се прифаќа себеси, за некого е многу застрашувачки“, рекла за „Yahoo“.

Критиките почнале откако Картер споделила фотографии од натпреварот на кој носела тесни розови кожни хеланки во комбинација со бела ролка и отворени потпетици. Некои веднаш ѝ порачале дека нејзината комбинација е несоодветна за кошаркарски терен.

„Му прилега ли ова на кошаркарски тренер?“, „Ова е несоодветно, треба да добие некаква казна“, „Зошто жена тренер би облекла толку тесни панталони?“, се дел од коментарите.

Но, многумина веруваат дека Картер има право да облече што сака, а критичарите ги нарекле обични сексисти.

„Сидни Картер е легенда и одличен тренер. Последно нешто за кое треба да се грижите е нејзината облека, која патем изгледа одлично“, им порачале на критичарите.

„Зошто воопшто некој се грижи за женската облека на терен? Изгледа одлично. Може да почнете да им ги поставувате истите прашања на нејзините машки колеги“, додале следбениците на Картер.

Нејзиниот тим на Инстаграм објави фотографија на која на терен носи бело кожно здолниште и порачале: „Ти го чуваме грбот“.

Картер истакнува дека 'буквално ја објавува секоја своја комбинација на облека', а за нејзиниот изглед, облека и способностите, се дискутира низ целата нејзина кариера.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk