(Фото) Неодамна стави крај на врската со кошаркарот Букер, а сега позирала целосно гола: Познатата манекенка како од мајка родена

Супермен

27/06/2022

12:41

10.998

Големина на фонт

а а а

Кендал Џенер објави фотографија на Инстаграм на која се сонча целосно гола, а ваквата објава доаѓа по неодамнешното раскинување на врската со кошаркарот Девин Букер.

Кендал се фотографирала како се сонча, а на себе носела само зелена капа. Нејзините следбеници заклучиле дека ќе следат уште разголени објави поради нејзиниот прекин со НБА ѕвездата.

„Се гледа дека си сингл“, „Им се радуваме на твоите објави по раскинувањето“, се само некои од коментарите во тој стил, а сите се сложуваат дека Кендал изгледа феноменално.

За потсетување, Кендал и Девин беа две години во врска, а причината за нивното раскинување ја открил извор близок до поранешниот пар.


„По две години имаа разговор за тоа накај оди нивната врска. Бидејќи не одеа напред, беше време за пауза, но веројатно трајна“, вели изворот за „Page Six“.


Инаку Кендал со заработка од 40 милиони долари е една од 10-те најдобро платени модели на светот во 2022 година, според списанието „Forbes“. Иако е членка на најпознатото реалити семејство, својот приватен живот сака да го држи во тајност, па така беше видена со Девин само неколку пати во јавноста, а не се познати ниту детали за нивната врска.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk