Катарскиот шеик држеше сè под контрола, а потоа се појави Златан Ибрахимовиќ: Сцена која потврдува дека е вистински Босанец

Супермен

20/12/2022

16:25

33.651

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ отиде во Катар во вистински момент: на финалниот натпревар меѓу Франција и Аргентина. А штом пристигнал, Златан се упатил кон ложата на катарскиот шеик Тамин Бин Хамад Ал Тани и Емануел Макрон.

Шеикот со сериозно лице го следел натпреварот, а потоа Златан му пришол држејќи го „заканувачки“ показалецот - следниот момент и шеикот и Маркон „прснале“ од смеа.

Таткото на Златан, Шефик, своевремено изјави дека Златан има „босански менталитет и неверојатна смисла за хумор“, што се покажа и сега на првенството во Катар, кога сите во близина на Ибрахимовиќ буквално „врескаа од смеење“.

Ибрахимовиќ и Ал Тани се познаваат долго време, поточно се запознале пред околу 10 години кога славниот напаѓач потпиша за ПСЖ и сè уште се во добри односи.

Гледајќи го натпреварот до крајот, Златан остана многу рамнодушен на победата на Аргентина, а многумина тоа го сфатија како знак дека Ибрахимовиќ навива за Франција.

Повеќе фотографии од Златан со катарскиот шеик на финалето на Светското првенство:



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk