Поранешниот фудбалер случајно дознал дека сопругата има профил на „Only Fans“: Ја прашал од што заработува толку пари – ми беше непријатно да му кажам, но...

Супермен

14/02/2023

18:30

7.972

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Интер и Милан, Романецот Кристијан Даминута, случајно дознал дека сопругата објавува провокативни фотографии на популарната страница за возрасни.

Даминута некогаш важел за еден од најголемите таленти во романскиот фудбал. Уште како тинејџер во 2008 година тој преминал во младинското училиште на Интер, но не успеал да се избори за место во првиот тим. До истекувањето на договорот имал бројни трансфери, а потоа во 2010 година завршил во градскиот ривал Милан.


За жал, убавите жени и ноќните забави во тоа време биле многу поважни од фудбалот за него, па не играл многу долго ниту во дресот на Росонера. Повторно направил трансфер и на крај се вратил во Романија.

Тој кариерата ја завршил на 31 година поради тоа што не успеал да пронајде ангажман. Се простил од професионалната кариера и сега има намера да се посвети на теренската работа.

Ружите не му цветале ниту во приватниот живот кој го одбележале бројни скандали. Двапати се разведувал, а потоа трет пат се оженил со провокативната Мадалина, девојката со која има две деца.

И таман кога се смирил и се посветил на семејниот живот, сопругата му приредила вистински шок. Тој целосно случајно дознал дека таа објавува свои голи фотографии на популарната страница „Only Fans“. Налетал на интернет на една нејзина фотографија и останал вчудовиден.

Забележал дека неговата сопруга во последно време заработува огромни пари, но не знаел како поради тоа што ја криела вистината.

Сепак неговата реакција била многу позитивна:

„Сопругот реагираше супер кога дозна за тоа. Ми беше непријатно да му кажам како заработувам пари, го криев тоа од него, но на крај дозна“, изјавила за романските медиуми Мадалина.

„Тој е либерален и нема никаков проблем со тоа. Зборувавме за тоа кога дозна и среќна сум што ме разбира. Не му пречи и ме поддржува. Не е љубоморен како што зборуваа затоа што тоа нема никаква причина за тоа. Ми помага понекогаш околу фотографиите и знам дека секогаш ќе ми биде поддршка“, додала сопругата на фудбалерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk