Објавена листата на Форбс на најплатени ѕвезди – таа е единствената жена во првите топ 10

Супермен

17/02/2023

11:44

6.718

Големина на фонт

а а а

Тејлор Свифт се појави на годишната листа на Форбс на најплатени светски ѕвезди со заработени 92 милиони долари во претходната година.

На листата се најде заедно со рок бендот „Genesis“, Стинг, Бед Бани и Бред Пит. Тејлор можеби предизвика пад на „Ticketmaster“ минатата година, но финансиската ситуација ѝ е повеќе од добра, според наводите на магазинот „People“.

Во вторникот таа го зазеде 9-то место на годишната листа на Форбс на најдобро платени пејачки на забавна музика во светот, што ја прави единствената жена која се најде на топ 10 листата.


Пријавениот приход на Свифт произлегува од продажбата на албуми, стримови и договори за лиценцирање и синхронизација. Минатата година излезе нејзиниот 10-ти оригинален студиски албум „Midnights“, кој го собори рекордот на „Spotify“ на најголем број еднодневни стримови, продаде најмногу винилни плочи во една недела во 21-от век и стана најпродаван таа година.

Рок бендот „Genesis“ се најде на врвот на листата, со заработка од неверојатни 230 милиони долари во 2022 година. На второто место е Стинг, кој заработил 210 милиони долари откако го продал целиот свој каталог за 300 милиони минатата година на „Universal Music Group“. Тајлер Пери е на третото место на листата со 175 милиони долари, збогатувајќи се од своите бројни ТВ емисии и филмови, како и од својот студиски комплекс во Атланта.


На четвртото место се Треј Паркер и Мет Стоун, кои го создадоа „South Park“ и „The Book of Mormon“ со заработени 160 милиони долари, а заработката произлегува и од договорите со „HBO Max“ и „Paramount“. Бред Пит се најде на листата со заработени 100 милиони долари бидејќи продаде поголем дел од својата продукциска куќа „Plan B“ од која излегоа големи филмски хитови како „Moonlight“, „12 Years a Slave“, „The Departed“...

На листата на Форбс помеѓу првите 10 се најдоа и творците на „The Simpsons“ - Џејмс Л. Брукс и Мет Гроунинг (105 милиони долари), како и „Rolling Stones“ (98 милиони долари), Џејмс Камерон (95 милиони долари) и Бед Бани (88 милиони долари).


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk