[ВИДЕО] Најскапиот коктел на светот: Чини колку половина стан, го служат во специјални чаши од 1937 година

Супермен

21/05/2025

20:09

462

Големина на фонт

а а а

Најспектакуларниот коктел во светот е претставен во Дубаи – луксузна дестинација позната по својата екстраваганција и ексклузивни искуства.

Цената на ова течно ремек-дело изнесува неверојатно 41.160 долари за една чаша.

Овој луксузен коктел кој го нарекуваат „Liquid gold“ е создаден за да се прослават 260 години од основањето на престижната француска куќа за кристал Бакара, а неговата вистинска вредност лежи во единствената комбинација на состојки и начинот на кој се сервира.

Наместо обична чаша, гостите уживаат пиејќи од оригинални чаши Бакара од 1937 година, направени со техника која денес повеќе не постои. Нивниот винтиџ дизајн во коуп стил го носи духот на минатите епохи, со непроценлива колекционерска вредност.

Состојките на коктелот дополнително ја оправдуваат астрономската цена. Основата е „China Lillet“ од 1950 година – исклучително редок пијалок познат и како омилен на Џејмс Бонд. Се претпоставува дека денес во светот има помалку од четири шишиња од овој аперитив.

Исто така, постои и винтиџ текила „Patrón“, достапна ексклузивно на оваа локација, како и битери „Angostura“ од 1930-тите, направени со таен рецепт. Секој елемент е внимателно одбран во соработка со познатиот консултант за коктели Салваторе Калабрезе.


Овој луксузен пијалок ги надмина претходните светски рекорди за коктели, вклучувајќи ги познатите „Diamonds Are Forever“ од хотелот „Ritz-Carlton“ во Токио и ексклузивните коктели „Mint Julep“ од „Kentucky Derby“ кои се продаваат по цена од 1.000 до 5.000 долари.

За секој што сака да доживее комбинација од историја, уметност и луксуз – овој коктел во Дубаи станува задолжителна станица на мапата на хедонистите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk