Ели Гонсалвес, австралиска манекенка, актерка и инфлуенсерка, пред две години разменила венчални завети со својот долгогодишен партнер Рос Скатс. Двојката ја прославила својата венчавка на раскошна дводневна церемонија со стотици пријатели и членови на семејството. Убавата Австралијка променила три неверојатни венчаници, а едната предизвикала бура од реакции на социјалните мрежи.
Имено, Ели првично го изговорила најважното „ДА“ на мала, приватна церемонија во романтична, помпезна венчаница изработена од комбинација на нежна, проѕирна ткаенина со прамени и богато украсена тантела со тридимензионални цветови. Велот придонел за драматичниот ефект бидејќи и самиот бил украсен со истите цветни украси.
Следниот ден, Рос и Ели организирале гала свадбена веселба, на која 33-годишната невеста облекла две венчаници – и двете многу атрактивни и модерни. Таа на прославата пристигнала во заводлива, бела венчаница проткаена со тантела со горен дел во облик на корсет кој го истакнал нејзиното прекрасно деколте и многу длабок, храбар шлиц. Таа го заокружила ова издание со особено долг вел од тул и дискретен, но скап, дијамантски накит.
Како што одминувала забавата, Ели сакала да го изненади својот сопруг, но и гостите, па се пресоблекла во многу похрабра и поатрактивна венчаница која малку препуштила на фантазијата. Таа за крајот на вечерта избрала мини венчаница во форма на корсет целосно од проѕирен тул, но интимните места на телото вешто ги скрила белата чипка.
Убавата русокоса оваа предизвикувачка венчаница ја комплетирала со нежни, романтични сатенски сандали, а покрај тоа што фустанот ги криел сите стратешки места, нејзината публика на Инстаграм не била воодушевена од изборот. Ели добила бројни негативни коментари, па дури и навреди, а од страшните реакции на јавноста била толку збунета што дури и влегла во пресметка со оние кои ѝ испраќале навредливи реплики.
„Не можам да верувам дека луѓето ме навредуваат толку многу за мојата венчаница. Тоа е венчаница на венчавка на која не познаваш никого. Ако не ти се допаѓа, не гледај ја. Толку е едноставно“, рекла таа меѓу другото.
„Не е отмено и не е соодветно за свадба“, „Би ми било срам да бидам твој маж“, „Извини, но ова е ѓубре венчаница … Требаше да бидеш попристојна“, „Многу несоодветен избор“, „Дали мораше да бидеш вака вулгарна?“, „Не, просто не“, се само дел од коментарите на сметка на нејзиниот фустан.