[ФОТО/ВИДЕО] Санџаклијата од Турција кој е партнер на популарниот Солт-Бае: „Инвестирав 1 милион во Нуср-Ет, а сега вреди 1,3 милијарди долари“

Точка

20/05/2025

20:19

1.614

Големина на фонт

а а а

Нусрет Гокче, познат низ целиот свет како „Salt Bae“, стана глобална сензација поради неговиот препознатлив начин на сервирање месо и солење храна. Меѓутоа, не е толку познато дека зад неговиот успех стои бизнисмен по потекло од Јабланица во близина на црногорскиот град Рожаје – Митхат Ердем, попознат како Митко Муриќ.

Инаку Нусрет е роден во 1983 година во турскиот град Ерзурум, во сиромашно семејство. На само 14 години, тој почнал да го учи месарскиот занает, покажувајќи голема страст кон кулинарството. Од 2007 до 2010 година, тој вредно работел како волонтер во бројни ресторани ширум Аргентина и САД, стекнувајќи драгоцено искуство во подготовката на месо.


По тримесечен престој во САД, ограничен со виза, животот на Нусрет драматично се сменил кога го контактирал Митхат Ердем. Овој клучен повик го означи почетокот на деловно партнерство кое ќе прерасне во кулинарска империја.

Триото зад империјата „Нуср-Ет“

Иако Нусрет е лицето на брендот и личноста која привлекува најголемо внимание, сопственоста на синџирот ексклузивни ресторани „Нуср-Ет“ е поделена помеѓу три деловни партнери:

Нусрет Ѓокче поседува 25 отсто од уделот

Митхат Ердем (Митко Муриќ) има 35%

Ферит Шахенк, претседател на турската групација Догуш, поседува 40% од уделот.


Инаку Митхат Ердем, кој по потекло е од Јабланица кај Рожаје, по професија е текстилен дизајнер. За разлика од неговиот попознат деловен партнер, Митко претпочита да живее подалеку од медиумското внимание, а има 74.000 следбеници на Инстаграм. Тој редовно патува низ светот, посетувајќи локации од Калифорнија и Лондон до Истанбул, но исто така одржува врски со своите балкански корени, често посетувајќи ги Сараево, Белград, Црна Гора и Нови Пазар.


Третиот партнер, Ферит Шахенк, е еден од најбогатите луѓе во Турција со нето вредност проценета на 1,9 милијарди фунти. Дипломирал маркетинг и човечки ресурси на Бостонскиот колеџ, а дополнително се школувал на универзитетот Харвард. Шахенк го презел бизнисот на неговиот татко, „Догуш Холдинг“, по неговата ненадејна смрт во 2001 година.

Синџирот ресторани „Нуср-Ет“ денес се проценува на десетици милиони долари и вработува околу 400 луѓе. Уникатната личност на Нусрет и неговото препознатливо солење го претворија во интернет сензација, привлекувајќи бројни светски ѕвезди во неговите ресторани.

Сепак, успехот не помина без контроверзии. Рестораните често се критикувани за нивните „непристојни“ цени, а Нусрет предизвика неодобрување со неговото однесување за време на прославата на Аргентинците по победата на Светското фудбалско првенство во 2022 година, кога ги вознемируваше играчите, им го земаше трофејот и ја претвори нивната прослава во сопствено шоу.


Дополнително, во 2021 година, Нусрет ги нарече своите деловни партнери „предавници“ и „непријатни партнери“ на социјалните мрежи, без јасно објаснување на неговите обвинувања. Истовремено, почнаа да се појавуваат извештаи за можна продажба на уделот во компанијата, со што „Догуш Холдинг“ би можел да продаде 20% од акциите на Катар за околу 300 милиони долари.

Исполнето ветување

Кога Митко Муриќ решил да инвестира во Нусрет, му ветил дека ќе постигне таков успех што ќе мора да купи машина за броење пари. Судејќи според денешниот статус и вредност на синџирот „Нуср-Ет“, тоа ветување е далеку од исполнето.


Додека Нусрет продолжува да привлекува внимание со својот препознатлив стил и појавувања со познатите личности, неговите двајца деловни партнери, меѓу кои и нашиот Балканец, зад сцената уживаат во плодовите на нивната инвестиција – далеку од очите на јавноста, но со значаен удел во еден од најпрепознатливите кулинарски брендови на денешницата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk