Гласините дека убавата водителка Маја Јама ужива во љубовта со фудбалерот Рубен Диаз сега се потврдени, со оглед на тоа што папараците ги „фатија“ на заеднички ручек.
Уште порано се пишуваше за нејзината потенцијална врска со Диаз, а сега се чини дека овој пар веќе воопшто не се крие.
Двајцата биле фотографирани додека оделе на ручек во ресторан во Лондон, и судејќи според фотографиите, биле прилично среќни.
Убавата водителка за таа пригода избра краток тексас фустан, додека ѕвездата на Манчестер Сити се решил за малку полежерна комбинација, па се прошета во обична бела маица и панталони, пренесе „The Sun“.
Интересен детаљ беа апостолките на Маја со високи потпетици, кои беа особено впечатливи.
Инаку, Маја минатата година ја раскина долгогодишната врска со раперот Стормзи, а двајцата беа заедно од 2014 година, но имаа и голема пауза пред да објават заедничко соопштение во кое соопштија дека официјално раскинуваат.
Инаку таа веќе неколку пати беше видена со познатиот фудбалер, а присуствуваше и на неговите натпревари.