Колку чини метар квадратен на море во Црна Гора, Грција и Албанија? Цените „скокнаа“ во облаци, но има и добри понуди

Супермен

11/05/2023

18:00

9.132

Големина на фонт

а а а

Интересот на граѓаните за купување недвижнини на море се зголемува од година во година.

Најголем интерес има за Црна Гора, Грција, Албанија. Годинава цените на недвижнините во Грција поскапеле во однос на минатата година, додека пак во Црна Гора „традиционално“ цените се високи.

Грција

Солун моментално е на петтото место на најскапа област во Грција, а Халкидики е на четвртото место за купување недвижнини.

Халкидики се нашол на четвртото место на најскапо место во Грција со просечна цена од 1.875 евра по метар квадратен. Општина Солун во која спаѓа и популарната Переа во која луѓето купуваат станови се нашол на петото место со 1.762 евра за метар квадратен.


Сепак, има и огласи со примамливи понуди:

Еден гласи – стан во Паралија од 60 метри квадратни со поглед на море сега може да се купи за 89.000 евра. Како што истакнал продавачот, недвижнината се наоѓа на само 280 метри оддалеченост од морето, има две тераси, дневна соба со кујна, а исто така и две спални соби, пренесува српски „Блиц“.

„Најевтините станови се наоѓаат во Олимпискиот регион во областа Катеринија со просечна цена од 1.500 - 1.600 евра по метар квадратен, па нагоре. Староградбите можат да се најдат и за илјада евра по квадрат, но во мали и неразвиени места.

Единствената област со повисоки цени од Халкидики е Солун со Атика, односно јужното предградие на Атина – 3.261 евра по метар квадратен, северното предградие на Атина – 2.721 евра по метар квадратен, Киклада со над 3.000 евра по метар квадратен и Јонските острови, односно Лефкада и Кефалонија каде просечната цена изнесува 2.151 евро по метар квадратен.

Албанија

Наместен стан во Голема, недалеку од морето чини околу 44.500 евра за 63 метри квадратни. Исто така на ова место може да се најде и стан од 50 метри квадратни по цена од 35.000 евра и тоа ненаместен.


Апартманите во Шенѓин на 90 метри од морето од 65 метри квадратни чинат 51.500 евра, но не се опремени. Стан во Манго плажата во Саранда од 65 метри квадратни чини 58.000 евра, додека двособен стан од 48 метри квадратни во Орикум кај Валона чини 48.000 евра.

Кој планира да купи стан на крајбрежје во оваа земја може да го „пазари“ и за 1.000 евра од метар квадратен.

Црна Гора

Во Црна Гора цените на становите се „непристапни“, па така доколку сакате еднособен стан со површина од 40 метри квадратни, ќе ве чини околу 147.000 евра.


Будва е поскапа, па така гарсониера која е оддалечена 250 метри од морето со површина од 22 метри квадратни чини околу 72.000 евра.

Извор: „Блиц.рс“



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk