Речиси и да не постои личност која би ја одбила можноста да учи од Илон Маск. Иако за многумина контроверзен, сепак неговата кариера е разновидна и веќе подолго време е во подем.
Тој е единствениот човек којшто вложува во работи за кои поголем дел од луѓето можат само да сонуваат. Токму тоа го прави одличен лидер и претприемач, од чиј пример може да се научи многу во животот.
За луѓето кои не знаат, Илон Маск е еден од најиновативните и најуспешни бизнисмени на светот.
Тој иницирал или учествувал во создавањето на бројни проекти, вклучувајќи ги „Tesla Motors“, „Space X“, „PayPal“, „Neuralink“, а моментално е и сопственик на „Twitter“. Исто така тој моментално е еден од најбогатите луѓе на светот.
Лекциите на Илон Маск
Што е тоа што Илон Маск го разликува од милион други претприемачи? Одговорот на тоа прашање лежи токму во лекциите кои ќе ви ги пренесеме.
Секој успешен лидер пред себе има јасна визија. Меѓутоа, оние кои се баш успешни, како Илон, имаат револуционерна визија. Нивната поента не е само создавање на позитивен ефект, туку целосна промена на индустриите во кои учествуваат. Маск имал визија да го унапреди начинот на којшто се врши трансфер на пари и го создал „PayPal“. Со самото тоа, Илон нѐ учи дека мораме да имаме визија која сме подготвени да ја спроведеме.
Учењето не е нешто што треба да заврши со средното училиште или факултетот, а Илон е фантастичен пример за тоа. Тој верува во константното усовршување на себе, без оглед на тоа дали тоа го правите низ читање, разговори со луѓе или експериментирање со нова технологија. Оваа навика е од витално значење за деловен успех. Ја поседуваат сите луѓе, па доколку сакате успех, потрудете се да го имплементирате во својата дневна рутина.
Поголемиот дел од нас ги избегнуваат критиките, попрво би уживале во комплиментите. Едноставно не ни годи кога некој во негативен контекст зборува за нашите идеи. Меѓутоа, критиките некогаш се неопходни за да ги поправиме грешките кои ги правиме. Токму од таа причина, Илон константно ги слуша критиките од луѓето. Кога разговарал со автомобилските инженери во текот на развојот на електричните автомобили, ги замолил да му кажат што не е добро со неговиот дизајн, наместо што е добро со него. На тој начин тој ги увидел грешките и секако дека ги поправил. Исто така кога станал сопственик на „Twitter“, тој ја слушал својата публика и одговорил на критиките на луѓето поради кои оваа социјална мрежа секојдневно станува сѐ подобра.
Маск во 2017 година поднел оставка од функцијата во Советодавниот совет во Белата куќа поради повлекување на САД од Парискиот договор. Иако ова место било престижно и му нудело различни бенефити, позицијата едноставно повеќе не му била во состав со неговата мисија и неговите цели. Иако многумина би кажале дека со тој потег си нанел штета себеси и на својот бизнис, сепак тоа била идеална можност на луѓето да им ги приближи своите лични и деловни цели.
Напорната работа секогаш се исплати, без оглед на тоа кои се вашите цели. Илон во една прилика рекол дека во одреден период од својот живот работел меѓу 80 и 100 часа неделно. Причината за толкавата посветеност била тоа што Маск смета дека работејќи по 100 часа неделно, може за четири месеци да се постигне повеќе отколку просечен човек кој работи 40 часа неделно за една година. Доколку сакате огромен успех, бидете подготвени многу да работите и да го жртвувате своето слободно време.