Милионерот е во потрага по личен асистент којшто ќе патува со него по светот – плата 35.000 евра

Супермен

06/09/2023

12:13

9.842

Големина на фонт

а а а

Австралискиот милионер Метју Лепре е во потрага по личност која ќе патува со него по светот, а за „таа работа од соништата“, како што многумина ја опишаа, нуди плата од 35.000.

31-годишниот богаташ се занимава со е-трговија, а во слободно време патува ширум светот и бара асистент или асистентка која ќе му се придружи во патувањата, пишува „Ladbible“.

Лепре своето деловно царство го изградил со онлајн работење и работен тренинг, откако на 23 години го напуштил факултетот. Поради потребата за работа тој посетил 30 земји во последните пет години.

Се бара вредна личност

„Барам вредна личност која ќе ми помогне во мојата работа. Ми треба десна рака која ќе ми помогне на патувањата и во административните работи“, изјавил тој.

Можат да се пријават лица без претходно искуство во таа работа, а конкурсот е отворен за сите кои имаат валиден пасош и кои сакаат да патуваат, кои се вредни и посветени на својата работа и можат да ја прекинат врската со секојдневната работа и да се качат во авион и да тргнат.

Освен што нуди можност за патување низ светот со платени патни трошоци, милионерот нуди и плата од 35.000 евра, а новиот асистент ќе може да ги вози и неговите скапоцени автомобили.

Бара нов личен асистент

Мислите дека понудата е предобра за да биде вистинита? Па, Лепре веќе направил нешто слично претходно. Пред четири години тој објавил отворен повик за личен асистент, а тогаш се пријавиле околу 70.000 луѓе. Работата на крај ја добила поранешна студентка по мода.

Истата година исто така тој повикал личен фотограф да патува со него за да го фотографира за неговиот Инстаграм профил, а му понудил плата од 32.000 евра.

За работата може да се пријавите по пат на неговата веб-страница Ecom Warrior Academy.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk