Започнала да снима филмови за возрасни со бездомник во кого лудо се вљубила: „Требаше да се занимавам со медицина, но животот е непредвидлив“

Супермен

19/01/2024

16:01

25.154

Големина на фонт

а а а

Стела Бери е „TikTok“ и „OnlyFans“ ѕвезда која заработува за живот од снимање филмови за возрасни.

Меѓутоа, пред да се впушти во овој бизнис, таа работела во прифатилиште за бездомници каде запознала момче кое засекогаш ѝ го променило животот.


Стела се подготвувала за медицински факултет, па одлучила да го посвети своето време на 6-месечна програма за работа со ветерани кои живеат во прифатилиште за бездомници.

„Ги советувавме како да најдат стан, на некои им требаше рехабилитација, а на некои психолошко советувалиште доколку имаат проблеми со менталното здравје. Се сеќавам кога влезе Дру, тој беше единствениот млад, беше толку убав и пишуваше поезија.“


Наредните 6 месеци помеѓу Стела и Дру „летале луди искри“. Таа не смеела да направи ништо поради својата работа, но постојано размислувала за него.

„Еден ден работев во ноќна смена и тој ме праша дали сакам да се видиме подоцна, а кас не можев повеќе да му одолевам. Потклекнав и повикав такси до аголот за никој да не ме види како влегувам во неговиот автомобил, каде што и живееше.“


Автомобилот бил сиот искршен, бидејќи тој бил алкохоличар, а подот на автомобилот валкан и целиот леплив од храна, но тоа нејзе воопшто не ѝ пречело бидејќи веќе „горела“ од желба за него.

„Ме одвезе и по пет минути имавме интимни односи. Како што се развиваше нашиот однос, заедно почнавме да снимаме за „OnlyFans.“


За брзо време таа станала многу популарна на „TikTok“ и на тој начин успеала да заработи доволно пари како би купила голема куќа.

„Дру живее со мене бидејќи има биполарно растројство и не умее со пари, па му дозволувам да ја користи мојата картичка. Тој, секако, нема големи трошоци со оглед на тоа што троши само на храна и алат за сликање, ние двајца имаме посебен договор.“


„Го сакам, со него сум три години, но се гледам и со други мажи. Имам проблем со моногамијата, но тој е еден од најпосебните и најбрилијантните луѓе кои некогаш сум ги запознала, и многу добро интимно си одговараме.“


Двајцата ја продолжиле својата отворена врска и биле заедно речиси 5 години, но како што Стела сè повеќе се отворала кон односите преку кои снима и заработува, тие двајца се оддалечиле. Таа продолжила да го поддржува и да му помага, со оглед на тоа дека парите не ѝ претставувале проблем, а денес е една од најплатените ѕвезди на „OnlyFans“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk