„Ниту Микеланџело немаше да ја направи ваква“, пишуваат во транс италијанските медиуми, кои биле воодушевени од излегувањето на Дилета Леота на музичкиот фестивал во Санремо.
32-годишната девојка која со години неофицијално ја носи титулата најубава спортска новинарка на светот, блесна во впечатлив фустан.
Дилета прошета на црвениот тепих, на кој дојде на работна задача бидејќи таа секогаш известува од фестивалот во Санремо за „RadioMediaset“. „Изгледа бомбастично“, се согласија коментаторите на социјалните мрежи, шегувајќи се на сметка на дојавата за бомба која беше снимена во пресрет на фестивалот.
„Дојавата не беше лажна, во Санремо пристигна вистинска бомба: Дилета Леота“, напишал нејзин фан. „Еве зошто на Санремо имаше предупредување за бомба“, „Гориш“, „Убава си“, беа коментарите под нејзината објава на Инстаграм, каде објави неколку фотографии од нејзиниот аутфит.
Италијанската радио и ТВ водителка во последните години стана една од најпрепознатливите лица на европската фудбалска сцена. Таа го имаше своето телевизиско деби во 2011 година на Скај Италија, а потоа се пресели во Скај Спорт.
Во 2018 година, Дилета беше водителка на церемонијата „Gran Galà del Calcio“, а неколку години подоцна ѝ беше дадена честа да биде домаќин на престижниот музички фестивал Санремо.
Нејзините емисии ги следат огромен број луѓе. Само на Инстаграм има повеќе од девет милиони следбеници. Таа неодамна објави дека се свршила со нејзиниот партнер Лорис Кариус, со кој во август минатата година добија ќерка.
Чекав неколку месеци да ви кажам, бидејќи Лорис и јас сакавме да ги доживееме емоциите од раѓањето на Арија што е можно повеќе, но сега сме подготвени да се посветиме на нашата нова голема цел заедно, како семејство“, напиша таа на Инстаграм.