Необична лотарија: Продавница во Брисел продава неотворени пакети од „Amazon“

Супермен

15/03/2024

18:17

6.527

Големина на фонт

а а а

Во Брисел е отворена продавница во која се продаваат неотворени несакани пакети од „Amazon“ по килограм, што всушност е лотарија што на купувачот може да му донесе часовник, паметен телефон - или безвредна ситница.

Продавницата „Pile ou Face“ се наоѓа во близина на централниот плоштад и нуди пакети за 16 евра по килограм. Клиентите избираат кутии помеѓу десетици складирани во продавницата, а некои ги отвораат на лице место.

„Тоа е како коцкање. Платив 40 евра и добив три-четири пара слушалки, добро поминав“, изјавил Пол, кој одбил да го каже своето презиме.

Жизел Питерс сепак е малку разочарана. Во нејзиниот пакет од 14,40 евра имало старински телефон со бројчаник.

„Тоа не е нешто што би го купила. Ќе се обидам да го препродадам“, вели таа.

Арнауд Узерстам, кој ја основал продавницата, вели дека часовниците и паметните телефони се предмети што ги добиваат најсреќните луѓе, додека други се враќаат дома со облека или понекогаш чудни предмети.

„Една дама доби 100 четки за заби за кучиња“, вели Арнауд.

Узерстам го започнал бизнисот откако тој и неговата сопруга се запрашале што се случува со пакетите кои имале проблеми со испораката. Тие самите доживеале таков проблем, а подоцна откриле дека слични продавници има и на други места.

„Pile ou Face“ потпишал договори со џиновската американска компанија „Amazon“ во Европа за да прима пратки кои не се преземени, кои се вратени од купувачите или едноставно се изгубени. Узерстам вели дека порано таквите пакети едноставно биле уништувани.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk