Во исто време ги запознал и својот идол и жената на својот живот, а не бил свесен за тоа: Ова е неверојатната приказна на успешниот фудбалер

Супермен

18/03/2024

10:52

4.656

Големина на фонт

а а а

Многу пати досега сме биле сведоци на неверојатниот сплет на околности којшто доведува до ист таков исход, а дека животот пишува романи уште еднаш докажа англискиот голгетер Хари Кејн.

Некогашното 11-годишно момче Хари Кејн го запознал својот, а и херојот на цела Англија, Дејвид Бекам. Во тој момент крај него била неговата другарка, исто така ученичка на истата академија која неверојатно, ќе стане негова вереница години подоцна.


Некогашниот напаѓач на Тотенхем, а подоцна на Баерн Минхен којшто сега има 30 години, ќе тргне по стапките на Бекам и ќе ја води Англија на Светското првенство.

Меѓутоа, во 2005 година Хари Кејт ќе го запознае Дејвид Бекам на Академијата Дејвид Бекам и додека заедно со школската другарка ќе позира на фотографијата со популарниот фудбалер, може да се забележи дека блеска. Дали е тоа поради Бекам или девојката од неговата друга страна, не е сигурно.

13 години откако оваа фотографија била направена, младиот фудбалер ќе тргне по стапките на Дејвид Бекам и ќе го предводи националниот тим на Велика Британија на Светското првенство, а младата ученичка ќе стане негова вереница и мајка на неговите деца.


Кејн и Кејт присуствувале на отворањето на Академијата на Дејвид Бекам во Лондон во 2005 година. И двајцата оделе во училиште во Чингфорд, истото каде што одел и Бекам додека бил мал.

Додека биле само другари во училиште, нивното пријателство преминало во врска, што Кејн јавно го потврдил во 2015 година.

Парот ја дочекал Ајва во јануари 2017 година, а Хари се верил со Кејт во јуни истата година. Гордите родители го дочекале второто дете наредната година.

Марк Ледон, помошник директор во училиштето и поранешен шеф за физичко воспитување, претходно раскажал како Кејн ја покажал својата волја и менталитет која го одвела на врвот на англиската игра, баш како и Бекам.


Училиштето е полно со врамени дресови и сувенири од Бекам, Кејт и Двајт Гејл од Кристал Палас, уште еден поранешен ученик.

„Хари секогаш беше посветен и сакаше да успее. Кога играше за училиштето, даваше сѐ од себе. Постигна многу голови и имавме многу успешен тим, беше извонреден“, изјавил тој за „Daily Mail“ во 2015 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk