Заработува и до 750.000 долари од видео, а не изговара ни збор: Добил отказ во фабриката, па станал планетарна ѕвезда

Супермен

18/03/2024

14:15

5.285

Големина на фонт

а а а

Сенегалецот Хаби Лејм стекнал голема популарност на ТикТок во текот на пандемијата на коронавирусот после што ја изгубил работата во фабрика.

Денес го следат 161 милиони луѓе на ТикТок, а неговите видеа се едни од најпрепознатливите на интернет.

Меѓутоа, тој во своите видеа не изговара ниту еден збор туку само гледа во камерата и ги мрда рамениците.

Лејм во разговор за „CNN“ во 2022 година раскажал дека неговата тактика однапред била осмислена. Објаснил дека неговите тивки реакции биле осмислени со цел да го персонализира изразот „ја тресам главата“, инаку познат како „smh“ (англиски: shaking my head).

„Ми се појави идејата затоа што видов дека кружат такви видеа и ми се допадна тоа да внесам малку едноставност во тоа. Тој гест дојде случајно, но тишината не. Смислував начини како тоа да допре до повеќе луѓе. А, најдобриот начин беше да не се зборува“, изјавил тиктокерот.

„Можеби тоа е така зошто моите изрази на лицето се смешни и ги смеат луѓето, но оваа едноставно ги засмејува и луѓето и тоа го сакам“, додал тој.

Без оглед на тоа што има 161 милиони следбеници тој вели дека бројките не го мотивираат да снима видеа туку го мотивира тоа што ги засмејува луѓето.

„Не ми е гајле дали сум прв, втор или трет најпопуларен на ТикТок. Почнав да снимам затоа што сакав да ги насмеам луѓето во текот на карантините. И продолжувам да снимам со истите идеали. Среќен сум поради своите достигнувања, но тоа не се мои приоритети“, заклучил Лејм.

Како што пишува „Just Jared“, Хаби открил дека за едно платено видео може да добие и до 750000 долари.

Благодарение на ТикТок, Хаби станал една од најголемите светски ѕвезди, а во своите видеа често угостува и бројни познати имиња од филмските, модни, спортски и музички индустрии.

Така досега се снимал со Наоми Кемпбел, Џон Син, Роберт Дауни Џуниор, Крис Прат, Дејвид Бекам, Роналдо, Том Круз и многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk