Новак Ѓоковиќ е „мајстор“ на кежуал стилот: Познатиот тенисер во едно од најдобрите модни изданија досега

Супермен

18/03/2024

20:29

5.962

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, бил забележан во еден популарен ресторан во Лос Анџелес.

Ѓоковиќ за жал испадна во третото коло од Индијан Велс, но тоа не му влијаело многу на расположението бидејќи покрај насмевката на лицето, изгледал одлично.


Новак одбрал кежуал-смарт комбинација од различни нијанси на сива боја за стајлингот да биде што поефектен. Оделото било во графитна нијанса, додека џемперот кој го носел бил посветол, што создало благ контраст кој ја нагласил бариерата во нијанси, но секако со голем ефект.


За да го надополни изгледот, одбрал лежерни антилоп патики во маслинесто зелена нијанса, со бел ѓон. Полн погодок бил белиот часовник кој многу веројатно е со потпис на брендот „Hublot“ бидејќи овој бренд од 2021 година е спонзор на Ѓоковиќ.

Во продолжение, погледнете некои од неговите кежуал изданија кои потврдуваат дека е „мајстор“ на кежуал стилот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk