Пред да ги привлече некоја жена, мажите прво ги забележуваат овие пет работи

Супермен

25/03/2024

18:30

8.654

Големина на фонт

а а а

Секој маж го привлекуваат различни карактеристики. Иако мажите се разликуваат меѓу себе, сепак сите тие имаат нешто заедничко.

Имено, секој маж верува во првите впечатоци кои ќе ги стекне кај жената и тоа има големо влијание на нивната привлечност кон некоја жена.

Секој од нив бара одредени квалитети и вредности во партнерката, а прво што забележуваат е физичкиот изглед.

Постојат пет необични работи кои мажите најмногу ги забележуваат кај жените.


1. Одреден вид на шминка

Иако поголем дел од мажите велат дека сакаат кога жената нема шминка затоа што тогаш делува поприродно, сепак жените кои се нашминкани привлекуваат поголемо внимание кај мажите, но тоа се однесува само на одреден вид шминка. Имено, жените кои носат потемна шминка, го привлекуваат вниманието кај мажите, но исто така за мажите е привлечна и поприродната и понеутрална шминка.

2. Одредена големина на колкови

Тука всушност не станува збор за привлечност во изгледот туку за здравјето и добрата плодност. Имено, за жените кои имаат поголеми колкови и струк се смета дека можат полесно да имаат деца затоа што го откриваат нивото на естроген во женското тело.

3. Црвена боја

Црвената боја се нарекува и бојата на страста, а токму поради тоа им е привлечна на мажите. Жените кои носат црвена боја, на мажите им делуваат посексапилно, а со самото тоа и попривлечно. Едно истражување кое било спроведено на Универзитетот Рочестер покажало дека мажите потрошиле повеќе пари на состаноците на кои жените носеле нешто црвено на себе.


4. Добрина и грижливост

Освен физичкиот изглед, на мажите им е важно и како една жена се однесува кон другите луѓе. Тоа им покажува дека жените одговараат на потребите и ги сакаат другите луѓе, а тоа веднаш ги прави попривлечни. Освен тоа доброто однесување покажува дека имаат квалитети кои би ги направиле и добри мајки.

5. Висок тоналитет на гласот

Додека на жените попривлечно им е кога мажите имаат подлабок глас, мажите сепак се целосно спротивни. Имено, високиот тоналитет на гласот на мажите им говори дека жената е женствена и во добра форма.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk