Родителите го оставиле на праг од манастир, поради лузните го нарекувале Квазимодо – беше еден од најуспешните фудбалери, денес е среќно оженет и има семејство

Супермен

01/04/2024

14:05

33.816

Големина на фонт

а а а

Животната приказна на популарниот фудбалер Франк Рибери била исполнета со понижување и исмевање, но со својата сила, волја и упорност успеал да го надмине сето тоа и да се истакне како голема фудбалска ѕвезда.

Францускиот фудбалер Франк Рибери, својата кариера во фудбалот ја заврши, но неговата приказна секогаш предизвикува интерес во јавноста.

Тој имал голема трагична приказна, што луѓето понекогаш се прашуваат како е можно толку лоши работи да му се случат на еден човек. Но, после деновите поминати во тага, тој одлучил да го покаже својот талент и мајсторство во она во што е најдобар – фудбалот.


Тој над 10 години играше на позицијата крило во ФК Баерн Минхен, каде најмногу се истакна, но додека дошол до Баерн морал да помина трнлив пат.

Франк Рибери како мал никогаш не ги запознал своите родители. Тие него го оставиле на прагот од еден манастир, така што цел живот бил сираче.

Бил „чудовиште“ во манастирот, така како што го исмевале другите луѓе. Сите се исмејувале со него, дури го нарекувале и Квазимодо. Неговиот одговор бил да молчи и плаче во аголот каде никој не можел да го види. На неговиот изглед за жал влијаела сообраќајната несреќа која ја доживеал кога бил дете.

Сообраќајната несреќа го довела на работ од смртта на двегодишна возраст и му создала проблеми со лицето, вилицата и забите, но успеал да го надмине сето тоа.


Никој освен него не ја знаел вистината која ја носел со себе – дека игра фудбал подобро од кого и да е. Тој го имал тој талент и упорност, па неговиот живот станал борба, совладување на многу препреки и пристигнување до успехот.

Неговото лице покажува низ какви сериозни ситуации поминал. Затоа Рибери никогаш не сакал да направи пластична операција со која би ги скрил своите лузни. Често вели дека тешкотиите ја ковале неговата личност.

„Луѓето зборуваа: Погледни му го лицето, погледни му ја главата. Каква е таа лузна? Грозен е! Каде и да одев луѓето ме гледаа. Не ме гледаат затоа што сум добар човек, затоа што се викам Франк или затоа што сум добар фудбалер. Ме гледаа поради лузните на лицето“, изјавил Рибери своевремено.

Тој поради недисциплинираност бил исфрлен од манастирот, но како што зборувал тој сакал да живее „послободно и поотворено“, така што секако и сам би го напуштил тоа место.

Рибери со својата умешност, станал фудбалски ѕвер којшто рушел сѐ пред себе, нижел рекорди и добил признание на УЕФА за најдобар фудбалер.

Неговиот живот исто така предизвикал интересирање во јавноста кога објавил дека ќе се венча и ќе ја смени својата вера од католик во муслиман поради својата сопруга Вахиба Белхами. Неговото исламско име е Билал, а тој има и две ќерки Хизија и Шахинез.

Покрај тоа Рибери се обидел да се протне и во музичката индустрија, снимајќи спот за алжирскиот музичар Каледа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk