Избран најлегендарниот лик од видеоигра на сите времиња – ги победи Марио и Соник

Супермен

08/04/2024

17:57

6.562

Големина на фонт

а а а

Лара Крофт е прогласена за најлегендарен лик од видеоигра на сите времиња по повод 20-то доделување на наградите „BAFTA Games“.

Поминаа 28 години откако „Tomb Raider“ ги запозна играчите со Лара, и таа прилично се промени од тоа време. „Од многу „шилеста“ и детски нацртана стана многу филмска“, вели Шели Блонд, актерката која го позајми гласот на оригиналната Лара.

Лара ги победи Марио и Соник во анкетата спроведена помеѓу играчите, а Шели изјави за „BBC Newsbeat“ дека не е изненадена, иако признала дека никогаш не ја играла играта.


„Она што е иконично за Лара Крофт е тоа што таа е главна женска личност во видеоиграта. Таа е поим за женската сила и женското охрабрување. Таа е во првите редови, таа е она што значи авантура“, вели Блонд.

Видеоиграта ја лансираше пошироката франшиза за Лара Крофт - серија видеоигри, како и блокбастер филмови со Анџелина Џоли во главната улога, па дури и серија на „Netflix“ чија премиера се очекува подоцна оваа година.


И покрај тоа што го позајмува гласот на еден од најпознатите ликови од видеоигра, Шели вели дека единствената игра што самата ја играла е „Pac-Man“. „Никогаш не сум играла „Tomb Raider“. Мојот оригинален примерок уште е во својата кутија, завиткан“, вели таа.

Нејзиниот сакан „Pac-Man“ не беше заборавен, но го зазеде респектабилното шесто место во рангирањето на најлегендарните ликови. На второ место е Марио, трет е агентот 47 од „Hitman“, четврт е Соник, а петти е Сакбој од „Little Big Planet“.

Од „BAFTA“ велат дека повеќе од 4.000 играчи ширум светот учествувале во анкетата преку нивната веб-страница.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk