Маск најави дека на новите корисници ќе им наплаќа објавување на платформата „X“ – тврди дека има добра причина за тоа

Супермен

16/04/2024

13:00

4.967

Големина на фонт

а а а

Воведувањето надомест за новите корисници на платформата „X“ претставува значаен чекор во стратегијата за сузбивање на ботови и неавтентични содржини на платформата.

Илон Маск најави воведување „симболичен надомест“ за новите корисници на социјалната мрежа „X“ кои сакаат да објавуваат содржини.

Оваа мера која за цел има ограничување на автоматизираните и неавтентични активности, би можела значајно да ја смени динамиката на интеракција на оваа популарна платформа.

Маск на својот профил објаснил дека воведувањето на малиот надомест за новите профили е „единствениот начин“ за запирање на „навалата на ботови“ кои лесно ги поминуваат стандардите на верификација како што се „CAPTCHA“ тестовите.

Оваа одлука доаѓа во момент кога „X“ ја зголемува борбата против спамот, најавувајќи и големо чистење на спам профилите, што би можело да влијае на бројто на следбеници кај постоечките корисници.

Дополнително, Маск го изнел планот според кој новит епрофили би имале можност д аобјавуваат бесплатно после три месеци постоење, што би можело да предизвика отпор меѓу корисниците кои навикнале на непосредна интеракција.

Оваа промена доаѓа после неодамнешниот експеримент во Нов Зеланд и на Филипините каде новите, неверификувани корисници морале да плаќаат по еден долар годишно за да можат да ги користат сите функции на платформата.

Во контекст на вештачката интелигенција „X“ минатата година ја ажурирал својат аполитика, дозволувајќи им на корисниците јавни објави за тренирање на алгоритмот на машинското учење.

Компанијата на Маск за вештачка интелигенција „xAI“ исто така планира да користи објави од социјалната мрежа „X“ за обука на своите модели, вклучувајќи го и неодамна претставениот четпот којшто сега им е достапен на премиум корисниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk