„Alfa Romeo“ баш нема среќа: Името на новиот модел на автомобил не траело ни 7 дена затоа што владата ги натерала да го сменат – ова е причината

Супермен

16/04/2024

13:47

6.108

Големина на фонт

а а а

Вчера, „Alfa Romeo“ соопшти дека ќе го сменат името на својот штотуку претставен SUV модел „Milano“ во „Junior“, по притисокот на италијанската влада.

Одлуката доаѓа само неколку денови откако Адолфо Урсо, италијанскиот министер за индустрија, ги критикувал „Alfa Romeo“ поради рекламирањето на „странски“ автомобил со италијанско име.

Имено, „Milano“ (сега веќе „Junior“) ќе се произведува во фабрика во Полска.


„Автомобилот којшто се вика Milano, не може да се произведува во Полска“, изјавил Урсо во четвртокот, па додал: „Тоа е забрането со италијанскиот закон“.

Тој се повикал на законот од 2003 година во којшто пишува дека не можат да се изнесуваат информации кои ги дезинформираат купувачите.

Значи, автомобил со ознака „Milano“ мора да биде произведен во Италија. Во спротивно, компанијата дава лажни индикации кои не се дозволени според италијанскиот закон, пренесува „Ројтерс“.


Како и „Milano“, „Junior“ е уште едно поново оживеано име од историјата на брендот. Дури можеби повеќе му одговара на овој нов модел на мал кросовер, отколку „Milano“.

„Junior“ првобитно го користел „Alfa Romeo“ како ниво на опрема кон средината на 60-тите години за своите основни модели „Giulia“ купе од серијата 105 и 115.

„Совршено сме свесни дека оваа епизода ќе остане врежана во историјата на брендот“, изјавил извршниот директор Жан Филип Импарато по повод промената на името после притисокот од власта.


„Тоа е голема одговорност, но во исто време и возбудлив момент. Изборот на новото име на Alfa Romeo Junior е целосно природно затоа што е моќно поврзано со историјата на брендот“, додал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk