[ВИДЕО] Хенри Кавил сподели среќна вест: Славниот Супермен ќе стане татко на 41 година

Супермен

16/04/2024

14:38

5.738

Големина на фонт

а а а

Актерот Хенри Кавил неодамна сподели среќна вест со своите фанови, а тоа е дека наскоро ќе стане татко.

Имено, актерот кој најмногу се памети по улогата на Супермен, во понеделникот на премиерата на филмот „The Ministry of Ungentlemanly Warfare“ откри дека го очекува своето прво дете со неговата партнерка Натали Вискузо.

„Многу сум возбуден поради тоа. Натали и јас сме многу, многу возбудени“, вели Кавил во изјавата за „Access Hollywood“.

Холивудскиот актер (40) и неговата девојка (34) се во врска речиси 3 години, а Кавил ја официјализираше нивната врска преку својот Инстаграм профил, кога објави видео на кое се гледа како играат шах. Тие беа снимени во јавноста за првпат во 2022 година на црвениот тепих кога пристигнаа на премиерата на филмот „Enola Holmes 2“.

Во претходните изјави за медиумите, Кавил зборуваше за татковството и велеше дека сака да биде татко додека е уште млад и способен.


„Ако некогаш имам деца, сакам да бидам татко што ќе трча по нив. Дури и сега, ако добијам деца, ќе биде доста доцна. Сакам да бидам фит и здрав татко, а не да бидам бавен“, изјави тој за „Men's Health UK“ во 2017 година.

Инаку, неговата девојка е извршна директорка која работи на телевизија, но некои ја паметат како тинејџерка која се појави во емисијата на „MTV“, „My Super Sweet 16“. Нејзиниот татко е поранешен магнат, што довело до нејзино појавување во оваа популарна емисија.

Иако Хенри Кавил се труди да го држи во тајност својот приватен живот, познато е дека парот живее на прекрасен имот во Калифорнија и дека имаат две кучиња.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk