[ВИДЕО] „Time“ го стави на листата на најдобри изуми уште пред да биде објавен, а сега пристигнаа и првите рецензии: „Најлошиот производ кој некогаш сум го тестирал“

Супермен

16/04/2024

18:17

6.101

Големина на фонт

а а а

Познатиот Јутјубер Маркез Браунли решил да го тестира новиот уред „AI Pin“ од „Humane“ и бил прилично остар во својата видео рецензија.

За уредот во изминатиот период многу се зборуваше и пишуваше. Уредот може лесно да се закачи за облеката, користи вештачка интелигенција и сугерира дека еден ден би можел да ги замени телефоните.


„AI Pin“ нема дисплеј и поголемиот дел од интеракцијата се врши со глас и преку интерфејс кој се проектира на дланката на корисникот.

Во текот на викендот, Маркез Браунли, познат на Јутјуб како MKBHD, ги споделил своите размислувања за уредот. И како што кажува и насловот на видеото, неговиот став не е позитивен.


Популарниот Јутјубер вели дека „AI Pin“ е „премногу тежок за користење“ и „е лош во речиси сè што прави“. Одговорите на гласовните прашања често се бавни, а понекогаш и погрешни бидејќи генеративниот AI четбот сè уште не е совршен.

MKBHD се пожалил и на траењето на батеријата, на лошите фотографии што ги создава „AI Pin“, додека видеата „изгледаат уште полошо“. Проекторот не е доволно светол, па затоа е тешко да се види содржината која е прикажана на раката кога сте надвор.

Сепак, „AI Pin“ има и некои позитивни страни, а на Браунли му се допаднала леснотијата со која се зачувуваат брзите гласовни белешки. Исто така му се допаднало и како уредот може да се користи за видео од прво лице, иако квалитетот во овој момент е слаб.

Тој заклучил дека „AI Pin“ има уште многу да се развива и подобрува пред да стане употреблив и додал: „Никогаш не купувајте производ врз основа на ветувањето за она што би можело да го овозможи во иднина“.

За потсетување, во октомври минатата година, магазинот „Time“ го стави „AI Pin“ на листата на најдобри изуми за 2023 година, а сè уште не беше ни официјално објавен на пазарот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk