За неа велат дека е најфаталната жена постара од 50 години, а сега објави фотографија на која е целосно гола: „Совршена жена“

Супермен

04/06/2024

11:37

29.433

Големина на фонт

а а а

Софија Вергара знае како да ја „запали“ масата и да привлече публика, барем онаа на социјалните мрежи! Холивудската актерка започнала нов бизнис и стана косопственик на колумбискиот бренд за кафе - „¡DIOS MÍO!“, а за да го промовира направила (не)очекуван потег.

Имено, Софија Вергара решила да се потсети на една стара, провокативна фотографија, очигледно инспирирана од нејзиниот нов бизнис.

Таа на Инстаграм сподели фотографија на која позира како од мајка родена, прекриена со илјадници зрна кафе кои ги скриле нејзините најинтимни места од љубопитните погледи.


Сексапилната Колумбијка е позната како една од најзгодните жени во светот на шоу-бизнисот, а оваа фотографија јасно покажува дека тој ласкав епитет не го добила без причина. Провокативната објава на убавата 51-годишна актерка брзо собра стотици илјади лајкови и комплименти.

„Совршена жена“, „По оваа фотографија навистина можам да кажам само 'Ох Боже'“, „Спектакуларно“, „Софија, прекрасна си“, „Ти си „мама“ за сите жени во Холивуд“, се само некои од коментарите на објавата.


Брендот на Софија има за задача да им оддаде почит на латино жените и да ја прослави нивната умешност, не само во животот, туку и во производството на кафе.

„Кафето „¡DIOS MÍO!“ настана поради мојата љубов кон колумбиското кафе и моите високи стандарди кога станува збор за квалитетот на кафето што го пијам. Сепак пораснав во Колумбија, пиев колумбиско кафе. Жените претставуваат 30 проценти од колумбиските одгледувачи на кафе и чест ми е да ги истакнам нив, нивните семејства и нивното наследство“, рече славната актерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk