Дечкото на Олимпијката Челтегеј ја полеал со бензин и ја запалил! Несреќната жена почина во најтешка агонија! 80% од телото и било покриено со изгореници

Точка

05/09/2024

16:00

21.413

Големина на фонт

а а а

Угандската Олимпијка Ребека Челтегеј почина од повредите откако ја запали нејзиното поранешно момче.

Страшниот напад се случи во неделата во кенискиот град Елдорет. Поранешното момче на Диксон Диема по расправија донело кофа бензин, ја полил несреќната маратонка и ја запалил.

Според медиумите во Кенија, соседите успеале да го изгаснат пожарот, а Ребека и Диксон итно биле префрлени во болница.

Дури 80 отсто од нејзиното тело било покриено со тешки изгореници.

Таа почина рано утрово, откако и откажаа сите органи.



По големата трагедија се огласи и Атлетската асоцијација на Уганда.

„Со длабока тага објавуваме дека почина нашата атлетичарка Ребека Челтегеи, која трагично стана жртва на семејно насилство. Како федерација ги осудуваме ваквите постапки и бараме правда. Нека нејзината душа почива во мир“, се вели во нивното соопштение за медиумите.


По ужасниот напад, полицискиот командир ги откри грозоморните детали:

„Се слушна како двојка се расправа пред нивниот дом. За време на расправијата, момчето ја полеа жената со течност пред да ја запали. Осомничениот исто така бил зафатен од пожарот и се здобил со тешки изгореници“.

По несреќата, полицијата на местото на инцидентот пронашла канта од пет литри и опожарен телефон.

Ребека Чептегај неодамна заврши на 44. место во маратонот на Олимписките игри во Париз.