[ВИДЕО] Ја практикував најекстремната диета во светот – Погледнете ги последиците на моето тело, плаќам висока цена

Точка

15/05/2025

19:26

802

Големина на фонт

а а а

Триесетгодишниот Канаѓанец, фитнес тренерот Вил Тенисон, решил да ги тестира границите на своето тело со спроведување на „најекстремната диета на светот“.

Имено во текот на четири дена, Тенисон консумирал само 1.000 калории дневно, ригорозно вежбал и спроведувал ригорозен режим, што му донело брзи физички промени но и сериозни здравствени последици.


Тенисон, кој има повеќе од 2,5 милиони прегледи на неговото видео поврзано со оваа диета, се решил да ја практикува со цел да ги „истресе“ маснотиите од своето тело и што подобро да ги дефинира мускулите, што е клучно за бодибилдери кои се натпреваруваат.

Екстремни правила

За време на диетата од 100 часа, Тенисон:

1. Консумирал само 1.000 калории дневно

2. Јадел претежно пилешко и зелен зеленчук без јаглехидрати

3. Правел по 12.000 чекори дневно

4. Пиел и до 7,5 литри вода дневно

5. Избегнувал вештачки засладувачи, сол и зачини.

Целта на диетата била т.н. „деплеција“ – процес во кој јаглехидратите се отстрануваат од телото со цел да се забрза губењето на мастите и да се дефинира мускулатурата. Неговата почетна тежина била 79,3 килограми, а по четири дена паднала на 78 килограми.

Прв ден – глад и фрустрација

Иако наутро не се чувствувал многу изморено, сепак му станало тешко кон средината на првиот ден. Гладта, главоболката и чувството на исцрпеност брзо го совладале.

„Последното нешто што ми треба во моментов е повеќе брокула. Ми треба емоционална поддршка“, се пошегува тој, додавајќи дека јаглехидратите му недостигале исто како што некогаш му недостигал неговиот најдобар другар од основно училиште кога се преселил.


„Главата ми пука, сакам да заплачам. Ако се разбудам среде ноќ, готов сум. Несоницата предизвикана од глад е сурова“, додаде тој.

Втор и трет ден – пад на енергијата и психичка исцрпеност

Веќе наредното утро Тенисон рече дека не може да размислува. Се чувствувал слабо, без енергија, а како што одминувал денот, симптомите се интензивирале.


„Нозете ми се тешки, ме боли главата, ме боли сончевата светлина, не можам ни да гледам телевизија. Чувствувам дека ќе паднам ако станам. Блиску сум до точка на кршење“, рече тој во текот на третиот ден.

Физички промени – телото се менува, но по висока цена

До четвртиот ден, Тенисон изгледал најслабо во својот живот, но по цена на сериозни здравствени промени. Имено, крвните тестови покажале пад на тестостеронот, што е резултат на недостаток на хранливи материи како што се цинк, магнезиум и витамин Д, кои се клучни за хормоните.


На крајот од диетата, тој измерил само 5 проценти телесни масти, речиси четири пати помалку од просечниот маж во Британија. Иако беше задоволен од естетските резултати, призна дека мускулите го болат: „Дури и кога се напнувам, ме боли. Се чувствувам празно“, рече Вил.


Заклучок

За четири дена, тој изгубил вкупно околу 2 кг, но поминал низ екстремна физичка и психичка исцрпеност. Иако ја постигнал неговата цел – драстично дефинирање на телото – тој јасно покажа колку може да биде штетен ваковрежим без стручен надзор и колку е важна балансираната исхрана за здравјето.


„Изгубив тежина, но и разум. Сепак, мислам дека ќе ми недостига оваа рутина. Беше тешко, но многу едноставно“, заклучи Тенисон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk