Мажите многу потешко се справуваат со настинки и грип отколку жените, а „машкиот грип“ понекогаш се опишува како состојба поболна од најлошите болки.
Канадскиот доктор Кајл Сју верува дека феноменот „машки грип“ сепак може да има вистинска основа. Тој за „British Medical Journal“ изјави дека мажите имаат послаб имунолошки систем од жените, поради што потешко се справуваат со грипот.
Оксфордскиот речник го дефинира како „нарушување што го доживува маж кој смета дека симптомите на грип се претешки“.
Речникот Кембриџ го опишува како „болест слична на грип која обично не е сериозна, но личноста која има грип го третира како сериозна – обично тие лица се мажи“. Како илустрација, речникот дава пример: „Џон се чувствува како никогаш да нема да стане од кревет“.
Анализирајќи некои од доказите за тоа како мажите и жените се справуваат со инфекции како што е грипот, д-р Сју наведува дека постојат податоци кои покажуваат дека мажите се поподложни на респираторни заболувања од жените. Исто така, постојат податоци дека смртноста од компликации од грип е поголема кај мажите отколку кај жените (иако вкупниот број на смртни случаи од компликации од грип е релативно мал).
Постојат некои докази дека мажите имаат потешки симптоми на респираторни заболувања од жените поради послаб имунолошки систем.
За мажите, би можела да биде важна стратегијата за лекување на грип – задолжителен одмор во кревет или останување дома неколку дена – што би можело да го намали ризикот од можни компликации.
И покрај овие докази, д-р Сју нагласува дека се потребни понатамошни и подетални истражувања за да се разјаснат другите аспекти на грипот кај мажите, бидејќи сè уште не е сосема јасно како влијае врз луѓето „количеството на вирусот“, имунолошкиот одговор, симптомите и времето на закрепнување.
Според достапните информации, мажите можеби воопшто не ги преувеличуваат симптомите, туку всушност навистина имаат послаб имунолошки одговор на респираторните вируси, што доведува до поголем морбидитет и морталитет во споредба со жените.
Овие резултати исто така укажуваат дека грипот не е секогаш безопасна болест за секого, туку дека за време на болеста треба да се одмора, да се стопли, да се пијат многу топли пијалаци и да се земаат лекови доколку е потребно – со цел да се избегнат компликации.