Потоп на „Tesla“ на европскиот пазар: Компанијата во сериозна криза

Супермен

28/05/2025

19:17

1.443

Големина на фонт

а а а

Американскиот производител на електрични возила „Tesla“ се соочува со сериозна криза на европскиот пазар. Во април, бројот на новорегистрирани возила од оваа марка во Европската унија се преполови.

Според податоците на здружението на производители "ACEA", регистрирани се само 5.475 нови возила – пад од дури 52,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Ниту податоците за првите четири месеци од 2025 година не се охрабрувачки: „Tesla“ продаде вкупно 41.677 возила, што е намалување од 46,1 процент.


За „Tesla“, која со години го предводи секторот на електрична мобилност и агресивно го освојуваше европскиот пазар – на пример, со отворањето на „Гигафабриката“ во Гринхајде, во германската сојузна покраина Бранденбург – ова претставува сериозен удар. Но, како што наведува „Тагешау“, пионерот во електричната мобилност сè повеќе заостанува зад конкуренцијата.

Според анализата на консултантската фирма "Jato Dynamics", „Tesla“ во април за првпат испадна од топ 10 најпродавани брендови на европскиот пазар, зад конкуренти како што се „Volkswagen“, „BMW“, „Renault“, и особено кинескиот „BYD“.


Според податоците на "Jato Dynamics" – кои ги опфаќаат 28 земји, не само членки на ЕУ – „BYD“ во април продал 7.231 возило, нешто повеќе од „Tesla“ со 7.165. Аналитичарот на "Jato Dynamics", Фелипе Муњоз, ова го нарече „пресвртница“ за европскиот автомобилски пазар, особено со оглед на тоа што „Tesla“ доминираше со години, додека „BYD“ штотуку влезе во играта.

„BYD“ стратешки се фокусира на пазари како Обединетото Кралство, Шпанија и Италија. Во Германија, кинеските производители сè уште имаат скромно присуство, но нивниот удел континуирано расте.


„BYD“ го шири своето присуство на германскиот пазар главно преку продажби на компании за изнајмување возила и преку т.н. саморегистрации, додека уделот кај приватните купувачи засега останува многу низок – под 12 проценти. Ситуацијата е различна кај германските производители: иако најголемиот дел од продажбите сè уште се однесува на деловни клиенти, „Мерцедес“, на пример, има удел кај приватни купувачи од речиси 37 проценти, додека брендот „VW“ има удел од околу 26 проценти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk