На 43 години изгледа како Аполон: Еве во што е тајната на совршената форма на Златан Ибрахимовиќ

Супермен

11/06/2025

09:33

1.164

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ е фудбалски феномен којшто со децении успева да биде на врвот на играта, а неговата способност и на 43 години да изгледа и игра како многу помлади спортисти предизвикува почит и фасцинација.

Додека поголем дел од професионалците со години го губат темпото и физичката форма, Златан продолжува да ги руши стереотипите и докажува дека клучот во долговечноста во спортот е многу повеќе од талент и тренинзи.

Тајната на неговата состојба се крие во еден од најважните сегменти од животот на секој спортист – исхраната.


Медитерански пристап

Режимот на исхрана на Златан е создаден врз медитеранската кујна, една од најздравите на светот. Основата на неговата исхрана се природните, непреработени намирници, односно зеленчук, свежа риба, интегрални житарки и здрави масти. Тоа што е индустриски преработено – рафинирани шеќери, адитиви, вештачки вкусови, во неговата исхрана не постои.

Темел за закрепнување и сила

Златан секојдневно внесува висококвалитетни протеини. Најчесто тие доаѓаат од рибата, пилешкото месо, мисиркиното месо и јајцата. Црвеното месо е сведено на минимум. На тој начин тој постигнува рамнотежа во силата и долгорочната виталност.


Енергија со други дејства

Кога станува збор за јаглехидратите, Ибрахимовиќ бира сложени извори – интегрални тестенини, кафеав ориз, киноа и разновиден зеленчук. Едноставните шеќери и белиот леб се целосно исфрлени од неговото мени.

Сојузници на срцето и мускулите

Главниот извор на масти во неговата исхрана е маслиновото масло. Освен тоа, често консумира јаткасти плодови, семки и авокадо, намирници богати со незаситени масни киселини кои го поддржуваат срцето.

Свежо овошје и зеленчук секој ден

На неговата чинија секојдневно се наоѓа изобилство на овошје и зеленчук. Овие намирници обезбедуваат есенцијални витамини, минерали, влакна и антиоксиданти кои се клучни за имунитетот, закрепнувањето и вкупното здравје.


Филозофијата на Златан

Ибрахимовиќ често ја нагласува важноста на исхраната, особено меѓу младите играчи кои ги советува да пристапат еднакво сериозно кон исхраната како и кон тренинзите.

Овој едноставен, но моќен став говори многу за начинот на којшто Златан размислува и дека најважната работа е дисциплината. На терен, во животот, во пристапот на негата на душата и телото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk