Легендарниот Јусеин Болт не е само успешен спортист: Ова не го знаевте за него

Точка

18/06/2025

13:35

762

Големина на фонт

а а а

Јамајканската легенда Јусеин Болт стана амбасадор на специјализираната изложба Експо 2027 која ќе се одржи во Белград, а малкумина знаат дека тој постигнал успех и во музиката откако ја завршил спортската кариера.

Имено Болт го издал албумот „Country Yutes“ во 2021 година, а фактот дека добил и Билборд признание кажува колку бил успешен.

Тој се впуштил и во продуцентски води и добил Билборд плакета за успех на реге листата. „Country Yutes“ се искачи на шестото место на Билборд реге листата. Албумот, исто така, стаса и до прво место на „iTunes“ листата на албуми. Инаку Болт го продуцирал албумот со својот долгогодишен пријател Нуџент (NJ Walker).

Овој албум со 14 песни дури го симнал од тронот легендарниот Боб Марли.

„Секоја врска со легендарниот Боб Марли е благослов за нас. Тоа е вистинско чувство“, изјави тогаш Болт за „Jamaica Observer“.

Тој го објасни креативниот процес зад креирањето на музиката.

„Сакавме да создадеме музика со која луѓето би можеле да се поврзат. Истражувавме реге музика и поджанрови за да им дадеме на обожавателите увид во она што го сакаат“, рече Болт.

Амбасадор на Експо 2027

Повеќекратниот олимписки шампион стана амбасадор на специјализираната изложба Експо 2027 што се одржува во Белград. По тој повод, тој вчера го посети и Белград и разговараше со претседателот на Србија.


Болт нагласи дека му е чест што е поканет да биде амбасадор на Експо.


„По разговорот што го имав со претседателот (Вучиќ) претходно, разговаравме за проширувањето на сето ова и начинот на кој Србија ќе продолжи да се развива. И меѓу другото, Белград на вода, разговаравме за тој прекрасен дел од овој град и ми е мило што ќе бидам дел од тоа и што ќе запознавам голем број луѓе со убавините на Србија“, изјави Болт во Палатата Србија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk