Софија Вергара своите следбеници ги почестила со жешко видео на социјалната мрежа Инстаграм и тоа топлес.
Веќе е добро познато дека костимите за капење се омилени за носење на огнената латиноамериканска актерка Софија Вергара која е една од најубавите и најзгодни жени на светот.
Во текот на летните жештини често можеме да ја видиме во оскудни изданија на плажа, но и во нејзиниот дом, а и таа сама гордо ги објавува таквите изданија на Инстаграм.
Така било и овојпат кога на своите следбеници ги почестила со видео на Инстаграм и тоа топлес. Како што се гледа актерката спокојно уживала на Ибица, кога за нас непознат човек ја снимал.
Актерката нималку не се бунела што ја снимаат, напротив мавтала додека се сончала на јахтата лежејќи на стомакот, а на себе имала само минијатурна танга.
Тоа не ѝ пречело затоа што видеото веднаш го објавила на својот официјален Инстаграм профил.
„Среќен интернационален празник на бикинито од Ибица“, напишала Софија Вергара покажувајќи го своето витко тело.
Корисниците на Инстаграм „полуделе“ поради видеото, па веднаш ја пофалиле во коментари:
„Совршена си“, „Дури и сега си најубавата жена“, „Срце, прекрасна си“, биле само дел од коментарите.