[ФОТО] По љубовниот бродолом, не излегува од бикини: Фаталната русокоса никогаш позгодна

Точка

07/07/2025

16:00

974

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џесика Симпсон (44) повторно успеа да ја заинтригира јавноста само со еден потег. Откако помина низ развод, таа сега одлучи дека привлекува внимание со својот изглед.

Таа објави фотографија во црвено бикини и несомнено сакаше да ја покаже својата завидна фигура откако поминала низ тежок период на трансформација.

Имено Џесика имала проблем и со алкохолот, за што отворено прозборе, а еден од нејзините големи успеси кога е во прашање трансформацијата е тоа што успеала да ослабе дури 50 килограми по третото породување.

Во 2019 година, таа имала дури 108 килограми и како што рече, почувствувала не само физичко олеснување и трансформација, туку и ментално.

„Се чувствува како повторно да има 21 година“, изјави извор за „PageSix“ во тоа време.

Меѓутоа Џесика се соочувала со проблеми поврзани со изгледот уште и порано, а се соочила со јавен притисок кога имала 17 години. Тогаш продуцентот Томи Мотола ѝ предложил да ослабе седум килограми, иако имала само 53 килограми, а пејачката тоа го откри во својата автобиографија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk